172 | Македонски
Добро проветрете го Вашето работно место. Гасовите
u
и пареата коишто настануваат при работењето често
пати се опасни по здравјето.
При работењето над глава, носете заштитни очила.
u
Не ги фрлајте патроните за лепење во оган.
u
Батериските контакти не смеат да бидат со краток
u
спој.
Безбедносни напомени за полначи
Држете го полначот подалеку од дожд или влага.
Навлегувањето на вода во електричниот уред го зголемува
ризикот од електричен удар.
Полнете само NiMH-батерии. Напонот на батеријата
u
мора да одговара на напонот за полнење на
батеријата на полначот. Инаку постои опасност од
пожар и експлозија.
Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се
u
извалка, постои опасност од електричен удар.
Не го користете полначот на лесно запалива подлога
u
(на пр. хартија, текстил итн.) одн. во запалива
околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
Не полнете жешки батерии.
u
Опис на производот и
перформансите
Употреба со соодветна намена
Пиштолот за лепење е наменет за лепење без
растворувачи на хартија, картон, плута, дрво, кожа,
текстил, пенести материјали, пластика (освен PE, PP, PTFE,
Styropor® и мек PVC), керамика, порцелан, стакло и камен.
Тој е наменет за лепење, поправка, декорирање и
моделирање.
Пиштолот за лепење не е наменет за залепување на
предмети, кои можат да бидат изложени на температури од
50 °C и повеќе.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на пиштолот за лепење на графичката страница.
(1) Млазница
(2) Силиконско капаче
(3) Патрон за лепење
(4) Преграда за патрон за лепење
(5) Лизгач за патрон за лепење
(6) Светлечки прстен
(7) Капаче за преградата за батеријата
(8) Копче за вклучување-исклучување
(9) Батерии (NiMH)
1 609 92A 552 | (13.03.2020)
A)
A)
Bosch Power Tools