Ознаки и нивно значење
Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот алат. Доколку дојдете
во контакт со сечилата за пила постои
опасност од повреда.
Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да влијае
на губењето на слухот.
Носете заштитни очила.
Носете маска за заштита од прав.
Опасна зона! Држете ги дланките,
прстите или рацете колку е можно
подалеку од оваа зона.
За подесување на хоризонтален агол
на закосување мора да се заврти со
повлечена рачка на масата за пила,
додека агломерот не го прикаже
саканиот агол на закосување.
При сечење на вертикални агли на
закосување, подесливата гранична
водилка мора да се повлече нагоре.
Внимавајте на димензиите на сечилото
за пила. Дијаметарот на отворот мора
точно да биде наместен на вретеното
на алатот. Доколку е неопходно
користење на редуцирни делови,
внимавајте димензиите на
редуцирниот дел да одговараат на
дебелината на листот за сечење и на
дијаметарот на отворот на сечилото за
пила, како и на дијаметарот на
вретеното на алатот. Доколку е можно,
со сечилото за пила користете ги
испорачаните редуцирни делови.
Дијаметарот на сечилото за пила мора
да одговара на податоците на ознаката.
Линијата на сечење може да се
прикаже со ласерскиот зрак,
алтернативно од левата или десната
страна на сечилото за пила.
Bosch Power Tools
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за правење на должински и
напречни резови на цврста подлога со прав рез во дрво,
како фиксен уред. Притоа се возможни хоризонтални
агли на закосување од -48° до +48° како и вертикални
агли на закосување од 45° (на левата страна) до 45° (на
десната страна.
Јачината на електричниот алат е предвидена за сечење
на тврдо и меко дрво, како и иверки и лесонит.
Електричниот алат не е наменет за сечење на алуминиум
и други неметали.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1)
Механизам за влечење
(2)
Транспортна дршка
(3)
Натпис за предупредување на ласерот
(4)
Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(5)
Прекинувач за вклучување/исклучување
(6)
Рачка
(7)
Заштитен капак
(8)
Осцилаторен заштитен капак
(9)
Подеслива гранична водилка
(10)
Граничник за должина
(11)
Продолжеток на масата за пила (стационарен)
(12)
Фиксна гранична водилка
(13)
Копче за фиксирање на саканиот агол на
закосување (хоризонтално)
(14)
Лост за претходно поставување на аголот на
закосување (хоризонтално)
(15)
Заштита од превртување
(16)
Плоча за вметнување
(17)
Агломер за аголот на закосување
(хоризонтално)
(18)
Жлебови за стандарден агол на закосување
(хоризонтално)
(19)
Скала за аголот на закосување (хоризонтално)
(20)
Отвори за монтажа
Македонски | 247
1 609 92A 4M8 | (04.12.2018)