Заштитете ги сечилата за пила од удари.
Водете го електричниот алат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на истиот.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително
зависат од состојбата и формата на запците на сечилото
за пила. Затоа користете само остри и соодветни сечила
за пила за делот што го обработувате.
Сечење на дрво
Правилниот избор на сечило за пила зависи од видот,
квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават
должински или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги,
спирални струготини.
Правта што настанува при обработка на даб и бука е
особено штетна по здравјето, затоа работете со всисувач
за прав.
Сечење на пластика
Напомена: При сечење на пластика, особено на PVC,
настануваат долги спирални струготини, кои може
електростатички да се наполнат. Притоа, исфрлувачот на
струготини (18) може да се затне. Затоа најдобро е да се
работи со всисувач за прав.
Водете го вклучениот електричен алат на делот што се
обработува и внимателно сечете го. Работете во еден
потез и без прекини, за да не се заглавуваат брзо запците
на пилата.
Сечење на обоени метали
Напомена: Користете остро сечило за пила погодно
исклучиво за обоени метали. Ова овозможува чист рез и
го спречува заглавувањето на сечилото за пила.
Водете го вклучениот електричен алат на делот што се
обработува и внимателно сечете го. Работете на крај со
мало движење напред и продолжете без прекини.
При сечење на профили, секогаш започнувајте со
сечење на потесната страна, кај U-профили не почнувајте
на отворената страна. Зацврстете ги долгите профили, за
да избегнете заглавување на сечилото за пила и повратен
удар на електричниот алат.
Сечење на лесни градежни материјали (материјали со
минерални состојки)
При сечење на лесни градежни материјали,
u
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
Лесните градежни материјали може да се обработуваат
само со сечење на суво и со всисување на прав. Секогаш
работете со шина водилка (29) (опрема).
Всисувачот за прав мора да биде одобрен за всисување
на прав при обработка на камен. Bosch ги нуди
соодветните всисувачи на прав.
Сечење со шина водилка (види слика D)
Со помош на шината водилка (29) може да правите
праволиниски резови.
Bosch Power Tools
Гумената лента на шината-водилка служи како заштита од
кинење, што го спречува кинењето на површината при
сечење на дрвени материјали. Затоа сечилото за пила со
запците мора да лежи директно на гумената лента.
Пред првото сечење гумената лента мора да се подеси со
шината-водилка (29) на кружната пила што се користи.
Притоа, поставете ја шината-водилка (29) со целата
должина на делот што се обработува. Поставете
длабочина на сечење од околу 9 mm и правоаголен
искосен агол. Вклучете ја кружната пила и водете ја
рамномерно со лесно поместување во правец на резот.
Со сврзниот дел (30) може да се спојат две шини
водилки. Затегнувањето се врши со помош на четирите
завртки што се наоѓаат на сврзниот дел.
Подесување на основната плоча на други шини-
водилки (види слика E)
Тесниот жлеб во основната плоча (7) може да се користи
за шините-водилки прикажани на страната со опрема. За
прилагодување на основната плоча на шини-водилки со
пошироки водечки мостови од други производители,
извадете го пластичниот додаток (34). Поставете ја
пилата на шината-водилка и по потреба со двете завртки
со нарецкана глава (35) подесете ја точноста на
вклопување на пилата и шината-водилка.
Сечење со паралелен граничник (види слики F – G)
Паралелниот граничник (14) овозможува прецизни
резови по должината на делот што се обработува, како на
пример сечење на ленти со исти димензии.
Провлечете ги водечките прачки на паралелниот
граничник (14) низ водилките на основната плоча (7).
Монтирајте ги пеперутка-завртките (10) од двете страни
како што е прикажано на сликата, свртете ги пеперутка-
завртките (10), но не ги затегнувајте премногу.
Поставете ја саканата ширина на резот како вредност на
скалата на соодветните ознаки за сечење (32) одн. (33),
(види „Ознаки за сечење (види слика D)", Страница 176).
Затегнете ги пеперутка-завртките (10).
Сечење со помошен граничник (види слика H)
За обработка на големи парчиња или за сечење на прави
рабови, на делот што се обработува може да зацврстите
една даска или лајсна како помошен граничник и да ја
водите кружната пила со основната плоча по должината
на помошниот граничник.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Заштитниот капак (15) мора секогаш слободно да се
движи и да се затвора. Затоа пределот околу заштитниот
Македонски | 177
1 609 92A 6HM | (10.05.2021)