Milwaukee M12 BPS Manual Original página 48

Ocultar thumbs Ver también para M12 BPS:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 16
заштита од прашина, заштита за ушите, заштитни ракавици
или специјална престилка, со која се заштитувате од ситни
честички од шлајфувањето и од материјалот. Очите треба да
бидат заштитени од страни тела што се разлетуваат наоколу, а кои
настануваат при различни употреби. Заштита маска од прашина и
за дишење мора да ја филтрираат прашината што се создава при
работата. Доколку сте подолго време изложени на гласна бучава,
тоа може да предизвика губење на слухот.
i) Кај други лица обратете внимание на безбедно растојание
кон Вашето подрачје на работење. Секој кој што влегува во
работното подрачје мора да носи лична заштитна опрема.
Делови од парчето кое што се работи или скршено орудие кое
што се употребува може да летне и да предизвика повреди и вон
директното подрачје на изведување на работите.
j) Држете го електричниот алат за издадените површини при
изведување на операции при кои алатот за сечење можат да
дојдат во контакт со скриени жици. Контактот со вод кој што
спроведува напон може да доведе и метални делови од апаратот
под напон и да доведе до електричен удар.
k) Никогаш не го оставајте електро-орудието ако орудието за
применување не е дојдено во потполно мирување. Орудието
за примена кое што се врти може да дојде во контакт со подлогата
за оставање со што би можеле да ја изгубите контролата врз
електро-орудието.
l) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го носите.
Вашата облека може да биде закачена преку случаен контакт со
приборот што се врти, при што тој може да навлезе во вашето
тело.
m) Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот
електро-алат. Вентилаторот на моторот влече прашина во
куќиштето, а големо насобирање на метална прашина може да
предизвика електрични опасности.
n) Не го употребувајте електро-орудието во близина на
запаливи материјали. Искрите би можеле да ги запалат овие
материјали.
o) Не употребувајте орудија за примена, кои што изискуваат
течни средства за ладење. Употребата на вода или други течни
средства за ладење може да доведат до електричен удар.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратниот удар претставува неочекувана реакција како
последица на заглавен или блокиран прибор што се врти, како на
диск за брусење, подножје за брусење, четка со жица итн.
Заглавувањето или блокирањето доведува до неодложно
стопирање на ротирачкиот прибор. На тој начин неконтролираниот
електро-алат се забрзува во спротивна насока од насоката на
вртење на приборот во точката на спојување.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран во
материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува во
материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде до
излегување на дискот или да се предизвика повратен удар. Во
таков случај дискот за брусење се движи или кон операторот или
настрана од него, зависно од насоката на вртење на дискот во
точката на спојување. Притоа дисковите за брусење можат исто
така и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или
неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде
избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се
опишани подолу.
a) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги вашето
тело и вашите раце во позиција, со која ќе можете да дадете
отпор на силите од повратиот удар. Секогаш употребувајте
ја додатната рачка, доколку постои, за да можете да имате
максимална можна контрола над силите од повратниот
удар или на моментите на реакција при пуштање во работа.
Операторот може да ги контролира силите на повратниот
удар и реакционите сили со преземање соодветни мерки на
претпазливост.
b) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во близина на
прибор што се врти. Во случај на повратен удар, приборот може
да биде исфрлен врз вашата рака.
c) Избегнувајте го со вашето тело местото, во кое електро-
алатот се движи во случај на повратен удар. Повратниот
94
МАКЕДОНСКИ
удар го води електро-алатот во спротивна насока од насоката на
движење на дискот за брусење на местото за спојување.
d) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови
итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот се одбива од
и заглавува во материјалот за обработка. Кај агли, остри
рабови или во случај на одбивање ротирачкиот прибор е склон
кон заглавување. Тоа предизвикува губење на контролата или
повратен удар.
e) Не употребувајте лист за пилење со ланци или запчаници.
Таквите орудија за примена честопати предизвикуваат повратен
удар или губење на котролата врз електро-орудието.
Специјални безбедносни упатства за мазнење со хартија за
шмирглање:
a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за
мазнење. Следете ги податоците на производителот по однос на
големината на листот за мазнење. Листови за шмирглање што
зјаат надвор од подлогата за мазнење, можат да предизвикаат
повреди како и блокирање, кинење на листовите или да доведат
до повратен удар.
Останати безбедносни и работни упатства
При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете се
луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик од пожар, запалливи
матери не смеат да бидат лоцирани во близина (зона на искрење).
Не користете издув за прав.
Избегнувајте искри и прашина од брусењето да го погодат телото.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна површина
при вклучена машина.
Во случај на значителни вибрации или појава на други
неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да ја најдете
причината за нив.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е
машината работи.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не
горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем C12 за полнење на батерии од C12
систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само
на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт со
исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт
со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и задолжително
одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги создава
краток спој, не ја потопувајте во течност алатката, заменливата
батерија или полначот и пазете во уредите и во батериите да не
проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи
течности, како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки супстанции,
можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Апаратот за мазнење и полирање е наменет за мазнење и
полирање лакирани, заштитени, пластични и други мазни
површини.
Во секој случај почитувајте ги упатствата напроизводителите на
приборот.
Eлектричното орудие е прикладно само за сува обработка.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Секогаш користете ја помошната рачка.
Работни предмети кои што се обработуваат мора да бидат цврсто
стегнати доколку не се држи со самата своја тежина. Работните
предмети никогаш да не се водат рачно према плочата.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на
алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на
машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај
локалниот застапник или директно кај: Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под "Технички
податоци" опишаниот производ е во склад со сите релевантни
прописи од регулативата 2011/65/EU (RoHs), 2014/30/EU, 2006/42/
EC и следните хармонизирачки нормативни документи:
EN 60745-1:2009+A11:2010
EN 60745-2-3:2011 + A2:2013
EN 55014-1:2006+A1:2009+A2:2011
EN 55014-2:2015
EN 50581:2012
Winnenden, 2017-11-30
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се наполнат
пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на
високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно
по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на
суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција и
транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат
врз машината.
Ве молиме пред да ја стартувате
машината обрнете внимание на
упатствата за употреба.
Секогаш при користење на
машината носете ракавици.
Носете ракавици!
Електричните апарати и батериите што
се полнат не смеат да се фрлат заедно
со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите
треба да се собираат одделно и да се
однесат во соодветниот погон заради
нивно фрлање во склад со начелата за
заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни
служби или кај специјализираниот
трговски претставник, каде има такви
погони за рециклажа и собирни станици.
СЕ-знак
ØPmax = 76 mm
Максимален учинок на полирање
ØSmax = 51 mm
Максимален учинок на брусење
Национален конформитетски знак
за Украина
EurAsian (Евроазиски) знак на
конформитет.
МАКЕДОНСКИ
95
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido