MK
При користење на електрични машини
почитувајте ги безбедносните правила во
вашата земја, за да го намалите ризикот од
пожар, струен удар и повреди.
Прочитајте ги следните безбедносни упатства
и приложените безбедносни упатства.
•
Секогаш проверувајте дали напонот на
напојувањето одговара на наведениот
напон на плочката. Во случај да не
одговара мрежниот напон, ќе треба да се
провери од страна на стручен електричар.
•
Приклучницата мора да биде заземјена
и електричниот систем мора да биде
испорачан со заземјен осигурувач.
•
Деца и присутни лица да бидат подалеку
од машината.
•
Заштитете ја машината од корозија и од
ниски температури.
•
Во случај машината да не подига товар, не
го притискајте копчето за подигање, за да не ја
оштетите машината. Тоа значи дека товарот го
надминал капацитетот на подигање.
•
Машината не смее да се демонтира кога
работи или кога е приклучена во струја.
•
Машината не смее да работи кога врне
или грми.
Не стоите испод подигнатиот
товар!
•
Пред почнување со работа, уверете се
дека челичното јаже е правилно намотано
околу макарата и чекорот е еднаков на
пречникот на јажето (Сл. 2).
Н абљудувајте го максималниот
товар означен на дигалката, а не на
закачалката!
•
Не подигајте поголем товар од капацитетот
на дигалката.
•
Оставете најмалку три навивки од јажето
околу макарата, така јажето да не е под
стрес.
28
•
Ако се појави црвено јаже, не
продолжувајте да го одмотувате.
•
За да се избегне било каква опасност, не
намотувајте повеќе од 15 m јаже околу
макарата.
•
Ако е јажето истрошено, мора да се замени
со ново, со исти карактеристики на јаже
произведено кај нас. Тоа може да се најде
во сите овластени сервисни продавници.
•
Пред почнување со работа, проверете ги
прекинувачите, дали се во добра работна
состојба.
•
Дигалката може да се сопира во текот на
спуштањето на товарот, зашто е нормално
товарот да оди надолу неколку милиметри
повеќе, поради инерцијална сила.
•
Никогаш да не го влечете или странично
притискате јажето или товарот.
•
Транспорт на луѓе со дигалката е забранет.
•
Избегнувајте брзи вклучувања и
исклучувања.
•
Носете ракавици за време на
транспортирање.
В нимание! Електричниот мотор на
дигалката не е снабден со
прекинувач за механичко
преоптоварување (за да се избегне
неочекувано и несакано
рестартирање). Поради тоа, ако не
сте во состојба да подигате товар,
не инсистирајте и изладете го
моторот.
3. ПОСтавувањЕ
монтажа
Сл. 4
Дигалката е опремена со носечки систем
кој овозможува носење на правоаголни
снопови. Димензиите на снопот мораат да
бидат во согласност со растојанието помеѓу
дигалката и закачалката и товарот кој се
подига. Препорачуваме да контактирате
квалификуван техничар за помош и проверка
на јакоста на конструкцијата. Завртките мораат
да бидат правилно стегнати. Пред почнување,
квалификуван техничар треба да го провери
носењето и спојувањето на дигалката.
макара
Сл. 5 + 6