Употреба Со Соодветна Намена; Илустрација На Компоненти - Bosch GEF 7 E Professional Manual De Instrucciones

Archivo electrónico
Tabla de contenido
OBJ_BUCH-1841-002.book Page 108 Tuesday, June 11, 2013 1:11 PM
108 | Македонски
 Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите или
да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
електричните апарати кои не ги користите. Овој
уред не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие
упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги
користат неискусни лица.
 Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
 Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за брусилки
 Држете го уредот на изолираните дршки, бидејќи
брусната лента може да го фати сопствениот струен
кабел. Оштетувањето на струјниот кабел може да ги
стави под напон металните делови на уредот и да
доведе до електричен удар.
 Користете го електричниот уред само за суво
брусење. Навлегувањето на вода во електричниот
уред го зголемува ризикот од електричен удар.
 Електричниот апарат користете само доколку е
вклучен за обработка на парчето и исклучете го
веднаш по обработката. Електричниот апарат може
одеднаш да се придвижи.
 Никогаш не ја допирајте брусната лента доколку е
во погон. Постои опасност од повреда.
 Внимавајте на тоа, да нема лица во близина на
искрите што летаат. Отстранете ги запаливите
материјали што се во близина. При брусењето на
материјали настанува опасност од искрите што летаат.
3 609 929 C46 | (11.6.13)
 Не користете изабени, скршени или уништени
брусни ленти. Оштетените брусни ленти може да се
скршат, распаднат и да повредат некого.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
 Редовно чистете ги отворите за проветрување на
вашиот електронски апарат. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрична несреќа.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за брусење на суви
материјали, структурирање и полирање на метали.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Шраф за подесување на текот на лентата
2 Блокада за вретеното
3 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
4 Прекинувач за вклучување/исклучување
5 Затезен лост за додатокот за брусење
6 Копче за подесување на брзината на движење на
лентата
7 Погонски валјак
8 Капак на куќиштето
9 Шраф за прицврстување за капакот на куќиштето
10 Додаток за брусење
11 Лизгачки елемент*
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido