Полнење На Резервоарот Со Масло За Синџирот; Чистење; Копче За Блокирање На Синџирот; Вонредно Одржување - Stiga CS 24 Li Manual De Instrucciones

Motosierra de cadena alimentada por batería portátil
Ocultar thumbs Ver también para CS 24 Li:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 159
7.3 ПОЛНЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ
СО МАСЛО ЗА СИНЏИРОТ
ЗАБЕЛЕШКА На капачето за
резервоарот со маслото за синџирот
(сл. 25.А) го има следниот симбол:
Резервоар за масло за синџирот
ВАЖНО Користете исклучиво масло
наменето за моторни пили или масло со
адитиви за моторни пили. Не користете
масло што содржи нечистотии за да не
го запушите филтерот во резервоарот и
трајно да ја оштетите пумпата за масло.
Користење масло од врвен квалитет е
важен предуслов за одржување ефикасна
подмачканост на сите делови за сечење;
користење масло со лош квалитет го
спречува подмачкувањето и го намалува
времетраењето на синџирот и на лостот.
ВАЖНО Никогаш не вклучувајте
го синџирот без доволно масло зашто
така може да се оштети моторната
пила и да ја загрози безбедноста.
Проверувајте ја количината масло во
моторната пила со помош на индикаторот
за ниво на маслото (сл. 25.B).
Ако нивото на маслото е ниско, дополнете
следејќи ги следните чекори:
1. Отшрафете и извадете го капачето
(сл. 25.A) на резервоарот за масло.
2. Ставајте масло во резервоарот и следете
го нивото преку индикаторот (сл. 25.B).
3. Во резервоарот за масло не смее да
навлезе нечистотија додека полните.
4. Ставете го капачето за
маслото и зашрафете го.
7.4 ЧИСТЕЊЕ
7.4.1 Чистење на машината и на моторот
На крајот на секоја работа,
исчистете ја машината детално од
прав и остатоци при работа.
• За намалување на ризикот од
запалување, одржувајте ги машината,
а особено моторот од остатоци од
лисја, гранки и прекумерно масло.
• Секогаш чистете ја машината по
употребата со чиста и мокра крпа
потопена во неутрален детергент.
• Отстранете ги сите траги на влага
со мека и сува крпа. Влагата остава
простор за ризик од електричен удар.
• Не користете абразивни детергенти
и растворувачи да ги исчистите
пластичните делови или рачките.
• Не полевајте вода и избегнувајте мокрење
на моторот и на електричните делови.
• За да избегнете прегревање или
оштетување на моторот и на батеријата,
секогаш проверувајте дали решетката за
воздух за ладење е чиста и без остатоци.
7.4.2 Чистење на синџирот
По секоја употреба, отстранете
ги од синџирот сите траги од
сечењето или талози од масло.
Во случај на големи нечистотии или
замастеност, извадете го синџирот и
оставете го да постои во сад со одреден
детергент неколку часови. Потоа,
исперете го во чиста вода и испрскајте
го со соодветен спреј против корозија
пред да го поставите на машината.
7.5 КОПЧЕ ЗА БЛОКИРАЊЕ
НА СИНЏИРОТ
Проверете го клинот за запирање на
синџирот пред секоја употреба (сл. 1.H) и
проверете ја работата ако има оштетување.
7.6 НАВРТКИ И ШРАФОВИ
ЗА ФИКСИРАЊЕ
• Одржувајте ги шрафовите и навртките
затегнати за да бидете сигурни дека
машината е секогаш безбедна за работа.
• Редовно проверувајте дали
рачките се цврсто фиксирани.
8. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
8.1 ОТВОРИ ЗА ПОДМАЧКУВАЊЕ
НА МАШИНАТА И НА ЛОСТОТ
Периодично вадете го картерот на
синџирот (пасус 4.2), извадете го лостот и
проверете дали отворите за подмачкување
на машината (сл. 26.A) и на лостот за
наведување (сл. 26.B) се блокирани.
MK - 14
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido