Напомена: Логото на Philips Respironics ќе биде на надворешната страна и ќе
биде свртено нагоре кога маската е соодветно составена.
Расклопување
6. Ремени: Одврзете ги јазичињата од ремените и повлечете ги низ отворите во
рамката за маската.
7. Платнени обвивки: Одврзете ги каишите и отстранете ги од рамката за
маската.
8. Спојка за брзо ослободување на цевките: Повлечете ја спојката за брзо
ослободување на цевките од зглобот.
9. Зглоб: Повлечете го зглобот од горниот дел на рамката.
10. Перниче: Повлечете го перничето од рамката за маската.
7 Информации за здравствениот работник и за
клиничарот
Употреба кај повеќе пациенти
Погледнете го Упатството за дезинфекција за професионални корисници
за тоа како да ја обработите маската после секој пациент во клинички
услови. Пристапете до последната верзија од Упатството за дезинфекција на
www.healthcare.philips.com или контактирајте со службата за корисници на
+1-724-387-4000 или со Respironics Deutschland на +49 (0)8152 9306-0.
Спецификации
Техничките спецификации за маската се дадени за вашиот здравствен работник
да може да утврди дали таа соодветствува со вашиот уред за терапија со CPAP
или со притисок на двојно ниво.
Предупредување: Употребата надвор од овие спецификации може да
доведе до спроведување на неефикасна терапија.
238