3 Пред употреба
• Пред употреба, измијте ја маската рачно (видете го делот Одржување на
маската).
• Измијте го лицето. Не употребувајте навлажнувач или лосион на рацете или
лицето.
• Проверете ја целата маска. Фрлете и заменете ги оштетените или изабени
делови.
4 Правилно поставување на маската
Определување на големината на перничето
Перничето е достапно во четири
големини (S, M, L, MW). Поставете го
мерачот за големината на перничето
под носот (како што е прикажано).
Совет: За најдобри резултати,
земете го најмалото перниче што
ќе одговара на носот.
1. Држете го мерачот хоризонтално
под носот и изберете ја
големината на перничето во
однос на надворешниот раб на
ноздрите, а врвот на носот да
го допира мерачот. Големината
може да ја определите со помош
на огледало или со помош на
друго лице.
2. Отворот на перничето ќе
биде директно под ноздрите.
Перничето цврсто ќе го држи
носот и протекувањето ќе биде
минимално.
3. Во ниту еден момент носот не смее да биде внатре во отворот од перничето.
Доколку некој дел од перничето се преклопува со носот, значи дека перничето
е погрешно поставено. Можеби ви е потребно перниче со друга големина.
Контактирајте со вашиот здравствен работник за повеќе информации.
Контрола на отпорноста на Philips Respironics System One
Употребата на маската со уредот на Philips Respironics System One овозможува
оптимална удобност. Добавувачот ја определува оваа вредност (X1) на вашиот уред.
233