OBJ_BUCH-2512-003.book Page 73 Thursday, July 28, 2016 9:37 AM
Македонски
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите
напомени и упатства за
безбедност. Грешките
настанати како резултат од
непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Добро чувајте ги овие упатства.
Користете го полначот само откако ќе ги проучите сите
функции и може да ги примените истите без ограничувања
или откако ќе ги добиете потребните упатства.
Безбедносни напомени
Овој полнач не е предвиден за
користење од страна на деца и
лица со намалени психички,
физички или ментални
способности или недоволно
искуство и знаење. Овој полнач
може да го користат деца над 8
години како и лица со намалени
физички, сензорни и ментални
способности или недоволно
искуство и знаење, доколку се
под надзор од лица одговорни за
нивната безбедност или се
подучени за безбедно ракување
со полначот и ги разбираат
опасностите кои може да
произлезат поради тоа. Инаку
постои опасност од погрешна
употреба и повреди.
Надгледувајте ги децата за
време на користењето,
чистењето и одржувањето. Така
ќе се осигурате дека децата нема да
си играат со полначот.
Bosch Power Tools
Полнете само Bosch литиум-
јонски акумулатори со капацитет
од 2,0 Аh (од 3 акумулаторски
ќелии). Напонот на батеријата
мора да одговара на напонот за
полнење на полначот. Не полнете
повторно полнливи батерии.
Инаку постои опасност од пожар и
експлозија.
Полначот држете го подалеку од дожд и
влага. Навлегувањето на вода во полначот го
зголемува ризикот од електричен удар.
Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
Пред секое користење проверете ја единицата за
полнење, кабелот и прриклучокот. Не го користете
полначот, доколку забележите оштетувања. Не го
отворајте сами полначот и оставете го на поправка
кај квалификуван стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни делови. Оштетените
единици за полнење, претворачот на напон, кабел и
приклучок го зголемуваат ризикот за електричен удар.
Не го користете полначот на лесно запалива подлога
(на пр. хартија, текстил итн.) односно во запалива
околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
Не поставувајте метални предмети на полначот одн.
помеѓу батеријата и полначот. Металните предмети
може да се загреат и да доведат до повреди.
Не принесувајте кредитни картички или други
магнетни носачи на податоци во близина на
полначот. Податоците содржани на овие носачи на
податоци може да се избришат.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Правилно позиционирајте го полначот во возилото.
Постои опасност од повреда од деловите кои летаат
наоколу.
Не го користете полначот за време на патот. Постои
опасност од несреќа.
Положете ги каблите така што нема да постои
опасност од сопнување и нема да се оштети кабелот.
Употреба со соодветна намена
Полначот е наменет за полнење на индуктивни литиум-
јонски батерии на Bosch од 10,8 V, 12 V и 18 V додека се
возите со возилото. Индуктивното полнење се врши без
контакт со магнетна индукција.
Македонски | 73
1 609 92A 34T | (28.7.16)