Makita CV101D Manual De Instrucciones página 113

Ocultar thumbs Ver también para CV101D:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
Лична безбедност
• Бидете внимателни, гледајте што работите и
размислувајте логички кога го користите елекот. Не
користете го елекот кога сте изморени или под
влијание на наркотични средства, алкохол или
лекови. Еден момент на невнимание при
ракувањето со елекот може да резултира со
сериозна лична повреда.
Употреба и грижа за елекот
• Не користете го елекот ако прекинувачот не може
да се вклучи и исклучи. Секој елек што не може да
се контролира со прекинувачот е опасен и мора да
се поправи.
• Одржувајте го елекот. Проверете дали има скршени
делови и какви било други состојби што може да
влијаат врз функционирањето на елекот. Ако елекот
е оштетен, поправете го пред употреба.
• Користете го елекот во согласност со овие упатства
имајќи ги предвид работните услови и работата што
треба да се изврши. Користењето на елекот за
работи поинакви од неговата намена може да
доведе до опасни ситуации.
• Ако врската на осигурувачот е прекината, вратете го
елекот кај наш овластен сервисен центар за да
биде поправен.
• Кога не се користи, сторете го следново:
- Дозволете да се олади пред да ја здиплите.
- Не набирајте го уредот со поставување предмети
врз него.
• Редовно испитувајте го уредот за знаци на абење
или оштетување. Ако има такви знаци или ако
уредот бил погрешно употребуван, вратете го на
добавувачот за каква било натамошна употреба.
• Овој уред не е наменет за медицинска намена во
болници.
Важни безбедносни мерки за касетата
со батеријата
• Полнете само со полначот одреден од страна на
производителот. Полнач што е соодветен за еден
тип батерија може да создаде ризик од пожар кога
се користи со друга батерија.
• Исклучиво користете го елекот со конкретно
наменетите батерии. Користењето други батерии
може да создаде ризик од повреда или пожар.
• Пред користење на касетата со батеријата,
прочитајте ги сите упатства и предупредувања на
(1) полначот за батерии, (2) батеријата и (3)
производот што ја користи батерија.
• Не расклопувајте ја касетата со батеријата.
• Ако времето во работа станало прекумерно кратко,
престанете веднаш со работа. Тоа може да
резултира со ризик од презагревање, можни
изгореници и дури и експлозија.
• При случаи на злоупотреба, од батеријата може да
истече течност. Избегнувајте контакт со неа. Ако
електролит навлезе во вашите очи, измијте ги со
чиста вода и побарајте медицинска нега веднаш.
Тоа може да резултира со губење на вашиот вид.
• Немојте да правите краток спој на касетата со
батеријата.
1. Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
2. Избегнувајте да ја чувате касетата со батеријата
во сад со други метални предмети како што се
шајки, монети и сл.
3. Не изложувајте ја касетата со батеријата на
вода или дожд.
Краткиот спој на касетата со батеријата може да
предизвика голем проток на електрична енергија,
презагревање, можни изгореници и дури и пад на
напојувањето.
• Немојте да ги чувате елекот, држачот на батеријата
и касетата со батеријата на места каде
температурата може да надмине 50°C (122°F).
• Не спалувајте ја касетата со батеријата дури и кога
е многу оштетена или целосно потрошена. Касетата
со батеријата може да експлодира ако се стави во
оган.
• Внимавајте да не ја испуштите или удрите
батеријата.
• Не користете оштетена батерија.
• Почитувајте ги вашите локални прописи во врска со
фрлање на батеријата во отпад.
Совети за одржување максимален
работен век на батеријата
• Никогаш немојте да полните касета со батерија што
веќе е полна.
Прекумерното полнење го скратува рабониот век на
батеријата.
• Полнете ја касетата со батеријата на собна
температура од 10°C - 40°C (50°F - 104°F).
• Дозволете загреаната касета со батерија да се
олади пред да ја ставите на полнење.
• Наполнете ја касетата со батеријата ако планирате
да не ја користите подолг период (повеќе од 6
месеци).
• За оптимален работен век, касетата со батеријата
треба целосно да се наполни по употреба.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ОЗНАЧУВАЊЕ НА ДЕЛОВИТЕ (Сл. 1)
1. Копче за вклучување/исклучување
2. Џеб за држачот на батеријата
(од задната страна)
3. Кабел за напојување (внатре во џебот за држачот
на батеријата)
4. Дупче за врвка
5. Држач на батеријата
(За преглед на сите слики, погледнете на последната
страница од ова упатство за употреба).
113
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Cv101dz3xlDcv200zs

Tabla de contenido