Philips Classic Milk Frother EP3321 Manual Del Usuario página 577

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 110
Македонски
576
3 Притиснете ја рачката (Сл. 24) PUSH и повлечете го држачот на групата за варење за да ја извадите
од машината (Сл. 25).
Повторно вметнување на групата за варење
Пред да ја вратите групата за варење назад во машината, осигурете се дека е во точната положба.
1 Проверете дали групата за варење е во точната положба. Стрелката на жолтиот цилиндар на
страната од групата за варење мора да биде порамнета со црната стрелка и N (Сл. 26)
-
Ако не се порамнети, притиснете ја рачката додека не дојде во контакт со основата од групата
(Сл. 27) за варење.
2 Вратете ја групата за варење назад во машината со лизгање долж водечките шини на страните
(Сл. 28) додека не се заклучи во положба со кликнување (Сл. 29). Не притискајте го копчето PUSH.
3 Затворете ја сервисната врата и вратете го резервоарот за вода.
Чистење и одржување
Редовното чистење и одржување ја одржува вашата машина во одлична состојба и обезбедува кафе
со добар вкус долго време и со стабилен проток на кафе.
Погледнете ја табелата подолу за детален опис на времето и начинот на чистење на сите делови од
машината што се вадат. Може да најдете подетални информации и видео упатства во апликацијата
Coffee+ и на www.philips.com/coffee-care. Погледнете ја сликата D за преглед на деловите што
може да се чистат во машина за миење садови.
Делови што се
вадат
Група за варење
Класичен апарат
за млечна пена
Преграда за
претходно мелено
кафе
Кога да се чисти
Седмично
Месечно
По секоја употреба
Проверувајте ја преградата
за претходно мелено кафе
седмично за да видите дали
е затната.
Како да се чисти
Отстранете ја групата за варење од машината
(видете 'Отстранување и вметнување на групата
за варење'). Исплакнете ја под чешма (видете
'Чистење на групата за варење под млаз вода од
чешма').
Исчистете ја групата за варење со таблета за
отстранување масло од кафе на Philips (видете
'Чистење на групата за варење со таблети за
отстранување масло од кафе').
Прво распрснете врела вода со апаратот за
млечна пена прикачен на машината за темелно
чистење. Потоа отстранете го апаратот за млечна
пена од машината и расклопете го. Исчистете ги
сите делови под чешма или во машина за миење
садови.
Исклучете ја машината и извадете ја групата за
варење. Отворете го капакот на преградата за
претходно мелено кафе и ставете ја рачката на
лажицата во неа. Движете ја рачката нагоре-
надолу додека заглавеното кафе не испадне (Сл.
30). Скенирајте го QR-кодот за да ја преземете
апликацијата Coffee+за детални видео упатства
или одете на www.philips.com/coffee-care
loading