Skil 3551 Manual Original página 173

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 56
ја пилата и држете ја без да ја поместувате
додека сечилото не застане сосема. Никогаш
не обидувајте се да ја извадите пилата од
работното парче или да ја повлекувате наназад
додека сечилото се движи, во спротивно може
да дојде до повратен удар. Проверете и преземете
корективни дејства за да ја елиминирате причината
за заглавување на сечилото.
c) При рестартирање на пилата во работното парче,
центрирајте го сечилото на пилата во прорезот
така што забите на пилата да не се во контакт
со материјалот. Ако се заглави сечилото на пилата,
може да оди нагоре или да се поврати од работното
парче додека пилата се рестартира.
d) Потпрете ги големите панели за да го сведете
ризикот од приклештување и повратен удар на
сечилото на минимум. Големите панели за работа
имаат тенденција да се виткаат под сопствената
тежина. Потпорите мора да се постават под панелот
на двете страни, близу до линијата за сечење и близу
работ на панелот.
e) Не користете тапи или оштетени сечила.
Ненаоштрени или неправилно поставени сечила
може да доведат до тесен засек и да предизвикаат
прекумерно триење, заглавување на сечилото или
повратен удар.
f) Рачките за заклучување на длабочината на
сечењето и подесување на косината мора да
бидат цврсти и обезбедени, пред почетокот на
сечењето. Ако прилагодувањето на сечилото се
помести додека сечете, тоа може да предизвика
заглавување и повратен удар.
g) Бидете особено претпазливи при сечење во
постоечките ѕидови или други подрачја кои не
се гледаат. Сечилото на пилата кое стрчи може
да пресече предмети кои можат да предизвикаат
повратен удар.
ФУНКЦИЈА НА ДОЛНИОТ ШТИТНИК
a) Проверете дали долниот штитник е добро
затворен пред секоја употреба. Не вклучувајте
ја пилата ако долниот штитник не се движи
слободно и не се затвора веднаш. Никогаш не
стегајте го или врзувајте го долниот штитник
во отворена положба. Долниот штитник може да
се свитка ако пилата случајно падне. Подигнете
го долниот штитник со рачката за вовлекување и
проверете дали се движи слободно и дали ги допира
сечилото или некој друг дел по сите агли и длабочини
на сечење.
b) Проверете ја работата на пружината на долниот
штитник. Ако штитникот и пружината не работат
како што треба, тие мора да се сервисираат
пред употреба. Долниот штитник може да работи
бавно заради оштетени делови, гумени наслаги или
наталожен отпаден материјал.
c) Долниот штитник може да се вовлече рачно
само за посебни засеци како што се „засеци
со убод" и „сложени засеци". Подигнете го
долниот штитник со рачката за вовлекување и
штом сечилото ќе влезе во материјалот, долниот
штитник мора да се ослободи. За сите други
видови на сечење, долниот штитник треба да работи
автоматски.
d) Секогаш внимавајте долниот штитник да го
покрие сечилото пред да ја спуштите пилата на
клупа или на подот. Незаштитено сечило во празен
од ќе предизвика пилата да се повлече наназад,
сечејќи се што е на нејзиниот пат. Бидете свесни за
времето потребно сечилото да престане откако ќе се
ослободи прекинувачот.
ОПШТИ
Овој алат не треба да го користат лица под 16
години.
Овој алат не е погоден за влажно сечење.
Не обработувајте никакви работни материјали
кои содржат азбест (азбестот важи за
предизвикувач на рак).
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да предизвика
алергиски реакции и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете.
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалка
доколку можете да ја поврзете.
Следете ги националните барања кои се однесуваат
на прашина за материјалите со кои сакате да
работите.
Не ја користете оваа пила во комбинација со основа
за пила.
Отстранете ја батеријата од алатот пред секое
подесување или промена на дополнителната опрема.
ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користена оригинална дополнителна опрема.
Користете само дополнителна опрема чија
дозволена брзина е во најмала рака еднаква на
најголемата брзина при празен од на алатот.
Користете само сечила за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба
или се проверени и означени според EN 847-1.
Користете само сечила за пили со дијаметар од 165
мм и отвор на вретеното од 16 мм.
Никогаш не користете дискови за мелење/сечење со
овој алат.
ПРЕД УПОТРЕБА
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во работното парче; тргнете ги пред
да почнете со работа.
Пред да почнете со сечење, отстранете ги сите
пречки на и под местото каде сечете.
Зацврстете го работното парче (работно парче кое
е зацврстено со стеги или во менгеме е побезбедно
отколку да го држите со раце).
Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултираат со
експлозија; пенетрирањето во водоводна
инсталација може да доведе до оштета на предмети
или електричен удар).
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
173
loading