ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ
Апликацијата LG ThinQ
Оваа карактеристика е на располагање намо на
модели кои го имаат копчето
ThinQ.
Апликацијата LG ThinQ ви овозможува да
комуницирате со уредот со помош на паметен
телефон.
Карактеристики ан апликацијата LG
ThinQ
Комуницирајте со апаратот од паметен телефон
со помош на практичните паметни функции.
Паметна дијагноза
Доколу користејќи го уредот имате некаков
проблем, оваа функција за паметна дијагноза ќе
ви помогне да го дијагностицирате проблемот.
Поставки
Ви овозможува да поставите различни опции на
уредот и во апликацијата.
ЗАБЕЛЕШКА
• Ако го промените вашиот безжичен рутер,
провајдерот на интернет услуги или лозинката,
избришете го регистрираниот апарат од LG
ThinQ апликацијата и регистрирајте го
повторно.
• Апликацијата подлежи на промени заради
подобрување на апаратот, без претходна
најава до корисниците.
• Функциите може да се разликуваат во
зависност од моделот.
Пред да ја користите апликацијата
LG ThinQ
1
Проверете го растојанието помеѓу уредот и
безжичниот рутер (Wi-Fi мрежата).
• Доколку растојанието помеѓу уредот и
безжичниот рутер е премногу големо,
сигналот станува слаб. Може да ви биде
потребно долго време за регистрација или,
во спротивно, инсталацијата може да биде
неуспешна.
или логото
TM
Исклучете ја опцијата Мобилни податоци на
2
вашиот паметен телефон.
Поврзете го паметниот телефон со
3
безжичниот рутер.
ЗАБЕЛЕШКА
• За да ја потврдите Wi-Fi конекцијата, проверете
дали иконата
на контролната табла свети.
• Уредот поддржува само Wi-Fi мрежи од 2.4
GHz. За проверка на мрежната фреквенција,
контактирајте го вашиот Интернет провајдер
или консултирајте се со прирачникот за
безжичен рутер.
• LG ThinQ не е одговорен за какви било
проблеми околу конектирањето на мрежата
или какви било недостатоци, дефекти или
грешки, предизвикани од конектирањето на
мрежата.
• Ако апаратот има проблеми со поврзувањето
со Wi-Fi мрежата, тогаш можеби е предалеку
од рутерот. Купете Wi-Fi повторувач
(продолжувач на опсегот) за да ја подобрите
јачината на Wi-Fi сигналот.
• Wi-Fi конекцијата можеби не се поврзува или
можеби е прекината поради опкружувањето со
домашната мрежа.
• Мрежното поврзување можеби нема да работи
правилно, во зависност од добавувачот на
интернет услуги.
• Околното безжично поврзување можеби
придонесува за бавната работа на безжичниот
мрежен сервис.
MK
25