Bosch GIC 12V-4-23 C Professional Manual Original página 304

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 49
304 | Македонски
супстанци опасни по здравјето и по работата исчистете ги дланките и другите
делови од телото што дошле во контакт со супстанците со топол раствор од сапун.
Со тоа се намалува опасноста по здравјето.
Не стојте во вода, доколку ја користите камерата за проверка. При работење
u
во вода постои ризик од електричен удар.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
u
При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе
u
пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух
и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни
дишните патишта.
При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече
u
запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку
течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или
u
одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток
спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се
прегрее.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки,
u
клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети,
што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој
u
начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од
u
производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии,
се користи со други батерии, постои опасност од пожар.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно
изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
1 609 92A 8H6 | (07.03.2023)
Bosch Power Tools
loading