Beko GN162330XBN Manual Del Usuario página 668

Користење на производот
Кога ги ставате зеленчуците, ставете
ги тешките и тврди зеленчуци на
дното, а лесните и меките горе, имајќи
ја предвид специфичната тежина на
зеленчуците.
Не ставајте овошје кое произведува
голема количина на етиленски гас,
како што се крушата, кајсијата,
праската и особено јаболката, во
истиот оддел за свежа храна со
други зеленчуци и овошја. Етиленот
што доаѓа од овие овошја може да
предизвика други зеленчуци и овошја
да созреат побрзо и да скапат побрзо.
Фрижидер/Упатство за употреба
6.5 Сино светло/HarvestFresh
(Тазе набрано)
*Може да не е достапен во сите
модели
За Сино светло,
Зеленчукот и овошјето складирани
во одделите за свежа храна
осветлени со сина светлина
продолжуваат да вршат фотосинтеза
и ги задржуваат своите нивоа на Ц
витамин благодарение на ефектот
на брановата должина на сината
светлина.
За HarvestFresh (Тазе набрано),
Зеленчукот и овошјето складирани во
одделите за свежа храна осветлени
со технологијата HarvestFresh ги
задржуваат своите нивоа на витамини
(витамини А и Ц) подолг период
благодарение на циклусите на сино,
зелено, црвено светло и мрак што
симулираат циклус на денот.
Кога вратата од Вашиот фрижидер
е отворена за време на мрачниот
период на технологијата HarvestFresh,
Вашиот фрижидер автоматски ќе
го почувствува ова и ќе го осветли
одделот за свежа храна со едно од
сините, зелени или црвени светла
соодветно со Вашите потреби.
Мрачниот период ќе се продолжи
кога ќе ја затворите вратата од
фрижидерот, така што тоа ќе го
претставува ноќниот период од
дневниот циклус.
27 /41 MK
loading

Este manual también es adecuado para:

Gn1623411xbn