Технички Податоци - Milwaukee M18 ONEFLAG230XPDB Manual Original

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 21
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Производен број
Волтажа на батеријата
Фреквентна лента (фреквентни ленти) за блутут
високофреквентна моќност
Верзија блутут
Hоминална брзина
Срце на работната оска
D=Дијаметар на дискот за глодање макс.
d=бушење-ø
b=Дебелина на стружниот диск макс.
b=Дебелина на плочата за сечење макс. / мин.
D=Дијаметар на брусна плоча макс.
D=Лончести четки-ø макс.
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014
(Li-Ion 2,0 Ah ... 12,0 Ah)
Препорачана температура на околината за работа
Препорачани комплети акумулаторски батерии
Препорачани полначи
Информации за бучавата: Измерените вредности се одредени
согласно стандардот EN 60745.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок / Несигурност К
Ниво на јачина на звук / Несигурност К
Носте штитник за уши.
Информации за вибрации: Вкупни вибрациски вредности
(векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 60745.
Вибрациска емисиона вредност a
/ Несигурност К
h
Површинско брусење
Стружење со лист за стружење
Кај други апликации, како на пример брусење со делење или брусење со четката со челична жица можат да се појават други
вибрациски вредности!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод
на тестирање даден во EN 60745 и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се
користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за
поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може
значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или кога е
вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.:
одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Прочитајте ги сите безбедносни
упатства и инструкции. Заборавање на почитувањето на
безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во
иднина.
БЕБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА АГОЛНА СТРУГАЛКА
Заеднички безбедносни упатства за мазнење, мазнење
со рапава хартија, работа со жичани четки, полирање и
делење:
146
M18 ONEFLAG230XPDB
Аголна брусилка на батерии
4835 68 01
XXXXXX MJJJJ
18 V ⎓
2400 - 2483,5 MHz
2 dBm
4.2 BT signal mode
6600 min
-1
M14
230 mm
22,2 mm
8 mm
3 mm / 1,9 mm
230 mm
100 mm
4,2 ... 5,4 kg
-18 ... +50 °C
M18B...; M18HB...
M12-18...; M1418C6
88,4 dB (A) / 3 dB (A)
99,4 dB (A) / 3 dB (A)
5,5 m/s
/ 1,5 m/s
2
3,2 m/s
/ 1,5 m/s
2
a) Овој електро-алат треба да се употребува како
шлајферица, шлајферица со хартија за шмирглање, четка
со жица и машина за брусење со делење. Почитувајте ги
сите безбедносни упатства, упатства за работа, прикази
и податоци што ги добивате заедно со електричниот алат.
Доколку не ги почитувате следните упатства, може да дојде
до електричен удар, до пожар и/или до тешки повреди.
b) Овој електро-алат не е наменет за рапава хартија
и за полирање. Секакви употреби, за кои овој алат не е
предвиден, можат да предизвикаат загрозувања и повреди.
МАКЕДОНСКИ
c) Не употребувајте прибор што не е предвиден и
препорачан од производителот специјално за овој
електро-алат. Доколку извесен прибор можете да го
прицврстите на вашиот електричен алат, тоа не претставува
гаранција за сигурно употреба.
d) Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора
да биде нај-малку толку висок како и бројот на вртежите
на вашиот електро-алат. Додатокот, којтшто се врти побрзу,
може да се скриша и да излета.
e) Надворешниот дијаметар и дебелината на приборот
мора да соодветствуваат со податоците за димензиите на
вашиот електро-алат. Приборите со несоодветна димензија
не можат да бидат соодветно заштитени или контролирани.
f) Навоите на деловите од приборот мора да се совпаѓаат
со навојот на осовината за брусење. Кај деловите од
приборот кои што се приспојуваат, бушењето за трнот за
натегнување во делот од приборот мора да се совпаѓа
со пресекот на фланшот за локализирање. Делови
од приборот кои што не пасуваат на монтажниот трн на
апаратот, работат ексцентрично, вибрираат прекумерно
силно и можат да доведат до загуба на контролата врз
орудието.
g) Не употребувајте оштетен прибор. Пред секоја употреба
извршете контрола, како на пример на дисковите за
брусење по однос на расцепи и пукнатини, на подножјата
за брусење по однос на пукнатини, изабаност или голема
искористеност, на четките со жици по однос на лабави
или скршени жици. Ако електро-алатот или приборот
паднат, проверете, дали тие се оштетени или употребете
неоштетен прибор. Ако приборот сте го провериле и
го употребувате, тогаш вие и лицата, кои се наоѓаат во
близина, треба да бидете вон доменот на ротирачкиот
прибор и оставете го приборот да работи една минута со
максимален број на вртежи. Оштетениот прибор најчесто се
крши во овој тест-период.
h) Носете опрема за лична заштита. Зависно од
употребата, користете целосна визуелна заштита, заштита
за очите или заштитни очила. Доколку е потребно,
носете маска за заштита од прашина, заштита за ушите,
заштитни ракавици или специјална престилка, со која се
заштитувате од ситни честички од шлајфувањето и од
материјалот. Очите треба да бидат заштитени од страни тела
што се разлетуваат наоколу, а кои настануваат при различни
употреби. Заштита маска од прашина и за дишење мора да ја
филтрираат прашината што се создава при работата. Доколку
сте подолго време изложени на гласна бучава, тоа може да
2
предизвика губење на слухот.
2
i) Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа да
се почитува безбедно растојание од вашиот делокруг на
работа. Секој што ќе пристапи во делокругот на работа,
мора да носи опрема за лична заштита. Можат да се
разлетаат парчиња од работниот материјал или од скршен
прибор и да предизвикаат повреди, исто така и надвор од
директниот делокруг на работа.
j) Држете го електричниот алат за издадените површини
при изведување на операции при кои алатот за сечење
можат да дојдат во контакт со скриени жици. Контакт
со жица под напон исто така ќе направи проводници од
металните делови и оној кој ракува со алатот ќе доживее
струен удар.
k) Никогаш не го оставајте електро-орудието ако орудието
за применување не е дојдено во потполно мирување.
Електро-алатот што се врти може да дојде во контакт со
површината, на којашто се остава, а на тој начин можете да ја
изгубите контролата над електро-алатот.
l) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го
носите. Вашата облека може да биде закачена преку случаен
контакт со приборот што се врти, при што тој може да навлезе
во вашето тело.
m) Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот
електро-алат. Вентилаторот на моторот влече прашина во
куќиштето, а големо насобирање на метална прашина може да
предизвика електрични опасности.
n) Не употребувајте го електро-алатот во близина на
материјали што горат. Таквите материјали можат да се
запалат од искри.
o) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни течни
средства за ладење. Употребата на вода или на други течни
средства за ладење може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратниот удар претставува неочекувана реакција како
последица на заглавен или блокиран прибор што се врти,
како на диск за брусење, подножје за брусење, четка со
жица итн. Заглавувањето или блокирањето доведува до
неодложно стопирање на ротирачкиот прибор. На тој начин
неконтролираниот електро-алат се забрзува во спротивна
насока од насоката на вртење на приборот во точката на
спојување.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран
во материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува
во материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде
до излегување на дискот или да се предизвика повратен
удар. Во таков случај дискот за брусење се движи или кон
операторот или настрана од него, зависно од насоката на
вртење на дискот во точката на спојување. Притоа дисковите
за брусење можат исто така и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или
неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде
избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се
опишани подолу.
a) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги вашето
тело и вашите раце во позиција, со која ќе можете да
дадете отпор на силите од повратиот удар. Секогаш
употребувајте ја додатната рачка, доколку постои, за да
можете да имате максимална можна контрола над силите
од повратниот удар или на моментите на реакција при
пуштање во работа. Операторот може да ги контролира
силите на повратниот удар и реакционите сили со преземање
соодветни мерки на претпазливост.
b) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во близина на
прибор што се врти. При повратен удар, приборот може да
ви помине преку раката.
c) Избегнувајте го со вашето тело местото, во кое
електро-алатот се движи во случај на повратен удар.
Повратниот удар го води електро-алатот во спротивна насока
од насоката на движење на дискот за брусење на местото за
спојување.
d) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови
итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот се одбива
од и заглавува во материјалот за обработка. Кај агли,
остри рабови или во случај на одбивање ротирачкиот прибор
е склон кон заглавување. Тоа предизвикува губење на
контролата или повратен удар.
e) Не употребувајте лист за пилење со ланци или
запчаници. Таквите орудија за примена честопати
предизвикуваат повратен удар или губење на котролата врз
електро-орудието.
Специјални безбедносни упатства за шлајфување и
шлајфување со делење
a) Употребувајте ги исклучително алатите за брусење што
се одобрени за вашиот електро-алат како и заштитната
капа што е предвидена за таквите алати за брусење.
Алати за брусење, коишто не се предвидени за електро-
алатот, не можат да бидат доволно заштитени и се несигурни.
b) На косо сечени листови за стружење мора да бидат
монтирани на тој начин што нивната површина за
стружење нема да излегува надвор од нивото на работ на
заштитната хауба. Нестручно монтиран диск за стружење
кој што излегува надвор од нивото на работ на заштитната
хауба не може да биде доволно заштитен.
МАКЕДОНСКИ
147
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido