Philips HX6907/01 Manual De Instrucciones página 135

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 30
136
Македонски
3 Поставете ја главата на четката на еден од 2 клинови на
стерилизаторот со влакната свртени кон светилката (Сл. 5).
Забелешка: Во стерилизаторот, чистете ги само главите на четка на
Philips Sonicare што се прикачуваат. УВ-стерилизаторот е направен да
одговара на сите глави за четки Sonicare.
4 Проверете дали стерилизаторот е приклучен во штекер со соодветна
волтажа.
5 Затворете ја вратата и притиснете го еднаш зеленото копче за
вклучување/исклучување за да го изберете циклусот на УВ-чистење
(Сл. 6).
-
Стерилизаторот работи кога светлото свети низ прозорецот.
Забелешка: стерилизаторот може да го вклучите само ако вратата е
затворена правилно.
Забелешка: стерилизаторот ќе престане да работи ако ја отворите
вратата за време на циклусот на стерилизација.
Забелешка: циклусот на стерилизација работи 10 минути, а потоа се
исклучува автоматски.
Полнење на електричната четка за заби Sonicare
Забелешка: Вашиот полнач е компатибилен само со четките за заби
Philips Sonicare кај кои влезот за полнење е најдолу (Сл. 7).
1 Поставете ја рачката на полначот.
2 За приказот и статусот на полнењето погледнете во упатството за
четката за заби.
Забелешка: Погледнете ги упатствата за полнење на електричната четка
за заби Sonicare и времето на полнење во упатството за четката за заби.
Чистење на стерилизаторот
Предупредување: не потопувајте го стерилизаторот во вода и не
плакнете го под чешма.
Предупредување: не чистете го стерилизаторот кога УВ-
сијалицата е жешка.
За оптимална ефикасност, се препорачува да го чистите стерилизаторот
еднаш неделно.
1 Откачете го приклучокот на стерилизаторот.
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido