Означување на преостанатиот
капацитет на батеријата (Fig. 3)
(Само за касети на батерии со индикатор)
Притиснете го копчето за проверка на касетата на
батеријата, за да се означи преостанатиот капацитет
на батеријата. Сијаличките на индикаторот ќе
засветат неколку секунди.
Сијалички на
индикаторот
Осветлено Исклучено Трепкање
ЗАБЕЛЕШКА:
• Во зависност од условите за користење и
температурата на околината, индикаторот може
малку да се разликува од вистинскиот капацитет.
• Првата (лево на крај) светилка на индикаторот
ќе светка кога ќе работи заштитниот систем на
батеријата.
Користењето на неоригинални Makita батерии, или
батерии што биле изменети, ќе ја поништи Makita
гаранцијата за Makita апарат и полнач.
Вклучување на изборот на режим на светлина и
осветленост (Fig. 4)
1. Прекинувач: Притиснете го прекинувачот
еднаш, светлото ќе се вклучи(во истиот режим
на осветленост како во последната поставка).
Повторно притиснете го прекинувачот, светлото ќе
се исклучи.
2. Избор на режим на осветленост: Секвенцата на
осветленост е: Висок режим / Среден режим /
Низок режим / Висок режим за секое притискање
кога светлото е вклучено.
Систем за заштита на батеријата (Fig. 5)
Апаратот е опремен со систем за заштита на
батеријата, за да го продолжи работниот век на
батеријата. Кога нивото на батеријата ќе стане ниско,
LED светилките се гаснат, освен една LED светилка,
како што е прикажано. Потоа, околу пет до десет
минути подоцна, системот автоматски го прекинува
напојувањето.
Заштитата од прегревање
Кога апаратот или батеријата ќе се прегреат,
апаратот автоматски запира. Оставете го апаратот
да се излади пред да го вклучите повторно.
Преостанат капацитет
75 % до 100 %
50 % до 75 %
25 % до 50 %
0 % до 25 %
Наполни ја батеријата.
Батеријата може да
има дефект.
137 Македонски
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
• Апаратот секогаш ставајте го на рамно и стабилно
место. Во спротивно може да се случи да падне.
Прилагодување на аголот на
осветлувањето (Fig. 6)
Олабавете ги копчињата на двете страни.
Прилагодете го аголот на осветлувањето(опсегот на
прилагодување е 240°). Потоа повторно затегнете ги
копчињата.
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да не заглавите прст(и) при
прилагодувањето на аголот на осветлувањето.
Лепење на фолијата против отсјај (Fig. 8)
Опционални додатоци
• Пред да ја залепите фолијата против отсјај,
отстранете ја нечистотијата од површината на
објективот на апаратот.
• Употребете шише со распрскувач за темелно да
ги намокрите леќите на апаратот и површината на
која е прикачен филм против отсјај.
• Залепете го во центарот на објективот на апаратот.
• Користете гума за чистење или гумена шпатула
за да ги истуркате капките воздух или вода помеѓу
филмот и леќата.
• Откако ќе се залепи, избришете ги сите капки вода со
сува крпа.
Поставување на абажур (Fig. 9)
Опционални додатоци
Закачете го испакнувањето на абажурот на засекот
на апаратот како што е илустрирано.
Користење со статив (опционална
дополнителна опрема)
ВНИМАНИЕ:
• Внимателно прочитајте ги упатствата
за додатоците, пред да ги користите со
осветлувањето.
Можете да го поставите стативот, за да ја олесните
работата. (Fig. 7)
ВНИМАНИЕ:
• Внимавајте да не го испуштите апаратот кога ќе го
ставате на стативот.
• Ставете го стативот на рамна и стабилна
површина, за да спречите негово паѓање.
• Раширете ги до максимум ногарките на стативот.
• Не користете го стативот ако има силен ветер.
• Осигурете се дека апаратот е сигурно прицврстен
на стативот.
• Отстранете го апаратот кога го носите стативот или
кога ги склопувате ногарките на стативот.
• Внимавајте да не ви се фати раката во ногарките
на стативот, кога ќе го затворате истиот.