Bosch AdvancedGrind 18 Manual Original página 228

Ocultar thumbs Ver también para AdvancedGrind 18:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 36
OBJ_BUCH-2850-001.book Page 228 Friday, September 9, 2016 1:05 PM
228 | Македонски
жицата може да летнат и да навлезат низ лесната облека
и/или во кожата.
 Доколку користите заштитна хауба, не дозволувајте
таа да дојде во контакт со жичаните четки. Четките во
облик на чинија или лонец, заради притисокот и
центрифугалната сила може да го зголемат својот
дијаметар.
Дополнителни сигурносни напомени
Носете заштитни очила.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
 Деблокирајте го прекинувачот за
вклучување/исклучување и ставете го во позиција
Исклучено, доколку се прекине напојувањето со
струја, на пр. по вадење на акумулаторот.
 Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
1 609 92A 2LJ | (9.9.16)
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење, брусење, груба
обработка и четкање на метални материјали без употреба
на вода.
За сечење со композитни брусни средства мора да се
користи предвидената заштитна хауба за сечење 11.
Со дозволените алати за брусење електричниот алат може
да се користи за брусење со брусна хартија.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Лост за отклучување на заштитната хауба
2 Копче за блокирање на вретеното
3 Прекинувач за вклучување/исклучување
4 Приказ за наполнетоста на батеријата
5 Батерија*
6 Копче за отклучување на батеријата*
7 Копче за контрола на бројот на вртежи
8 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
9 Вретено за брусење
10 Заштитна хауба за брусење
11 Заштитна хауба за сечење*
12 Приклучна прирабница
13 Брусна плоча*
14 Стезна навртка
15 Брзозатезна навртка
16 Лончеста плоча од цврст метал*
17 Брусна плоча за сечење*
18 Заштита за дланките*
19 Гумен брусен диск*
20 Лист за брусење*
21 Тркалезна навртка*
22 Лончеста четка*
23 Рачка (изолирана површина на дршката)
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
*
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido