Bosch GEX Professional 125 A Manual Original página 141

Ocultar thumbs Ver también para GEX Professional 125 A:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 24
OBJ_BUCH-424-005.book Page 141 Tuesday, December 3, 2013 8:43 AM
Материјал
Expert for Wood
– Сите дрвени материјали
(на пр. цврсто, меко дрво,
иверки, градежни плочи)
Best for Wood
– Цврсто дрво
– Иверки
– Градежни плочи
– Метални материјали
– Авто лак
– Камен
– Мермер
– Гранит
– Керамика
– Стакло
– Плексиглас
– Стаклопластика
Избор на диск за брусење
Во зависност од употребата, електричниот апарат може да
се опреми со брусни дискови со различна цврстина:
– Меки брусни дискови: соодветни за полирање и удобно
брусење, и на заоблени површини.
– Средно меки брусни дискови: соодветни за сите
брусни работи, се поставуваат универзално.
– Цврсти брусни дискови: соодветни за висок брусен
капацитет на рамни површини.
Менување на брусните дискови (види слика B)
Напомена: Веднаш заменете ги оштетените брусни
дискови 8.
Извлечете го брусниот лист одн.алатот за полирање.
Целосно отшрафете го шрафот 11 и извадете го брусниот
диск 8. Поставете го новиот брусен диск 8 и повторно
затегнете го шрафот.
Напомена: При поставувањето на брусниот диск
внимавајте на тоа, запците на зафаќачот да се вклопат во
отворите на брусниот диск.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
Bosch Power Tools
Примена
За претходно брусење, на пр. за груби нерендани
греди и даски
За рамно брусење и израмнување на мали
нерамнини
За завршно и фино брусење на дрво
За претходно брусење
За обликување и кршење на рабови
За фино брусење при обликување
Мазно брусење и обликување на рабови
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Сопствено вшмукување со кутија за прав
(види слика C1 –C4)
Пред монтажата на кутијата за прав, извлечете го 6
пластичниот лизгач 13. Ставете ја кутијата за прав 6 на
млазниците за издувување 14, додека не се вклопи.
Внимавајте на тоа, пластичниот лизгач 13 да се вклопи во
држачот 12.
За да ја испразните кутијата за прав 6 притиснете на лостот
за фиксирање 15 на страната на кутијата за прав ().
Извлечете ја кутијата за прав надолу ().
Пред да ја отворите кутијата за прав 6, тропнете со неа на
цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за да ја
отстраните правта од филтерот.
Фатете ја кутијата за прав 6 за вградената рачка,
преклопете го филтерот 16 нагоре и испразнете ја кутијата
за прав. Исчистете ги ламелите на филтерот 16 со мека
четка.
Надворешно вшмукување (види слика D)
Ставете го адаптерот за вшмукување 17 на млазниците за
издувување 14. Внимавајте на тоа, да се вклопи лостот за
фиксирање на адаптерот за вшмукување. На адаптерот за
Македонски | 141
Гранулација
грубо
40
60
средно
80
100
120
фино
180
240
320
400
грубо
80
средно
100
120
фино
180
240
320
400
многу
600
фино
1200
2 609 932 908 | (3.12.13)
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gex professional 125 acGex professional 150 ac

Tabla de contenido