ПРЕД УПОТРЕБА
• Проверувајте ја функционалноста на машината пред
секоја употреба и во случај на дефект, повикајте
квалификувано лице да ја поправи. Никогаш не
отворајте ја машината сами
• Темелно проверете ја областа каде ќе се користи
косилката и отстранете ги сите цврсти предмети
што може да се зафатат и исфрлат со механизмот
за косење
• Секогаш проверувајте дали механизмот за
косење е во добра работна состојба (заменете ги
истрошените или оштетените делови)
• Одржувајте ги сите навртки, завртки и шрафови
цврсто затегнати за да обезбедите дека косилката е
во добра работна состојба
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Косете само на дневно светло или со соодветно
вештачко осветлување
• Не закосувајте ја машината кога го вклучувате
моторот освен ако таа мора да се закоси при работа
во висока трева (во тој случај не закосувајте ја
повеќе од неопходното и секогаш со делот што е
подалеку од операторот). Секогаш држете ги двете
раце во работната положба пред да ја вратите
машината на телото
• Проверете дали сечивото е комплетно застанато
кога ја закосувате машината за да преминете
одредена површина што не е трева и кога ја носите
до и од областа за косење
• Косете попреку на закосените терени (никога
нагоре и надолу)
• Бидете исклучително внимателни кога го менувате
правецот на закосените терени
• Никогаш не кревајте или не носете ја косилката
додека работи моторот
• Секогаш исклучете ја машината и исклучете го
приклучокот од штекерот ако кабелот за напојување
со ел. енергија или продолжниот кабел се
пресечени, оштетени или заплеткани (не допирајте
го кабелот пред да го исклучите приклучокот)
• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно
лице
УПОТРЕБА
• Водилка за кабелот⑫
- закачете ја куката на продолжниот кабел над
водилката A како што е прикажано
- повлечете цврсто за да го обезбедите
продолжниот кабел
• Прилагодување на висината за косење (28-48-68
мм) ⑬
! исклучете го приклучокот од штекер и
проверете дали сечивото веќе не ротира
- свртете ја косилката
- поставете ги предната и задната оска на тркалата
на саканата позиција за висина на косење (28, 48
или 68 мм)
! проверете дали четирите тркала се фиксирани
на иста позиција за косење
• Безбедносен прекинувач за вклучување/
исклучување ⑭
Спречува машината да се вклучи случајно
- вклучете ја машината прво со притискање на
безбедносниот прекинувач C и потоа повлечете го
прекинувачот за активирање D
- исклучете ја машината со пуштање на
прекинувачот за активирање D
! по исклучување на машината, сечивото
продолжува да ротира уште неколку секунди
• Упатство за работа
- држете ја косилката со двете раце
- поставете ја косилката на работ на тревникот и
косете нанапред
- свртете се на крајот на секој потег, делумно
преклопувајќи го претходното косење
- користете ја косилката само на сува трева
- чувајте ја косилката подалеку од цврсти предмети
и растенија
- при косење висока трева, прво поставете го
механизмот за косење на максималната висина за
косење и потоа на пониска висина
! прилагодете ја брзината на одење при косење
висока трева
• Индикатор за „полна кутија за трева"⑮
- испразнете ја кутијата за трева E штом крилцето
F ќе се спушти самото со што се посочува дека
кутијата за трева е полна
- за најдобра собирање трева, редовно чистете ги
отворите под крилцето F со четкичка
• Чување ⑯
- превиткајте ја рачката на машината за штедење
на просторот за складирање (со крилцето G) и
одложете ја машината како што е прикажано.
Прво испразнете ја кутијата за трева
! проверете дали (продолжниот) кабел е
заглавен при превиткување/ исправање
на рачката на машината (не испуштајте ја
рачката)
- не ставајте други предмети врз одложената
косилка
- чувајте ја косилката на затворено и суво место
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење J ③)
• Исчистете ја косилката по секоја употреба со четка
и сува крпа
! не користете вода (особено не спреови под
висок притисок)
- отстранете ја насобраната покосена трева од
сечивото со дрвен или пластичен алат
• Редовно проверувајте ја кутијата за трева за знаци
на изабеност или оштетување
• Редовно проверувајте дали сечивото и навртките се
изабени или оштетени и заменувајте ги во парови за
да ја задржите рамнотежата
• Замена на сечивото за косење ⑰
! исклучете го приклучокот од штекер и
извадете ја кутијата за трева E ③
! носете заштитни ракавици
- свртете ја косилката
- извадете/ставете сечиво за косење со клуч 13
како што е прикажано
! користете само сечива за косење од
соодветен тип (број на резервен дел на SKIL
2610Z04069, обележен со YAT 474 552)
115