1
Општо
1.1
За овие упатства
Упатството за вградување и работа е нераздвоив
составен дел на производот. Прочитајте ги и секогаш
нека ви бидат достапни овие упатства пред каква
било активност. Предуслов за правилна употреба на
производот и негово ракување е точно придржување
до овие упатства. Внимавајте на сите податоци и
ознаки на производот.
Оригиналните упатства за работа се на германски
јазик. Сите други верзии на упатствата на други
јазици претставуваат превод на оригиналните
упатства.
1.2
Авторско право
Производителот го задржува авторското право на
овие упатства за вградување и работа. Содржината
не смее да се репродуцира, дистрибуира или
употребува за конкурентни намени без одобрение и
известување.
1.3
Подложно на промени
Производителот го задржува секое право за
техничка промена на производот или на поедини
составни елементи. Употребените слики може да
отстапуваат од оригиналот и служат само за пример
за производот.
1.4
Гаранција
Во однос на гаранцијата и на гарантниот период,
важат информациите од актуелните „Општи
одредби и услови (ООУ)". Истите можете да ги
најдете на: www.wilo.com/legal
Отстапките од ова мора да бидат претходно
договорени и да добијат приоритет.
Активирање на гаранцијата
Кога се исполнети следните точки, производителот е
обврзан да ги отстрани сите недостатоци во
квалитетот и конструкцијата:
▪ Недостатоците треба да се пријават кај
производителот во писмена форма додека трае
гаранцијата.
▪ Користете го производот согласно наменетата
примена.
▪ Сите уреди за надгледување се заклучени и се
проверуваат пред пуштање во работа.
Упатство за вградување и работа Wilo-Rexa CUT GI
Општо
Одрекување од одговорноста
Сета одговорност за лична, материјална или
финансиска штета е исклучена. Таа се исклучува
доколку:
▪ Производот е неправилно димензиниран како
последица на неточни податоци од раководителот
или нарачателот
▪ Не сте се придржувале до упатствата за вградување
и за работа
▪ Непрописна употреба
▪ Не се чува или транспортира прописно
▪ Погрешна монтажа или демонтажа
▪ Се одржува непрописно
▪ Недозволени поправки
▪ Основата за монтирање е дефектна
▪ Постојат хемиски, електрични или електрохемиски
влијанија
▪ Абење
2
Безбедност
Ова поглавје содржи основни напомени за
поединечните фази од работниот век на производот.
Доколку не внимавате на овие напомени, ќе ги
предизвикате следниве опасности:
▪ Опасност по луѓето поради електрични, механички и
бактериолошки влијанија, како и електромагнетни
полиња
▪ Опасност по околината поради истекување на опасни
материи
▪ Материјални штети
▪ Хаварија на важните функции на производот
Доколку не се внимава на напомените, може да дојде
до поништување на правото за отшета.
Освен тоа, внимавајте и на дополнителните
инструкции и безбедносни напомени во другите
поглавја!
2.1
Приказ на безбедносни напомени
Во овие упатства за вградување и работа ќе
пронајдете безбедносни напомени за материјални
штети и лични повреди. Безбедносните напомени се
прикажани различно:
▪ Безбедносните напомени за лични повреди
започнуваат со сигнален збор, имаат соодветен
симбол и се со сива позадина.
mk
567