OBJ_BUCH-816-001.book Page 331 Wednesday, October 30, 2013 2:06 PM
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Доколку чистите, раздвојте ја базната станица од
напојувањето со енергија и од PC. Така ќе избегнете
опасност од струен удар.
При вадење на сервисниот или поклопецот за
одржување, проверете дали дихтунг-прстенот 36 е
точно поставен. Доколку дихтунг-прстенот е
оштетен, заменете го. Само точно поставениот
дихтунг-прстен гарантира отпорност на прав и влага,
доколку куќиштето е затворено.
Исчистете ги приклучниците и куќиштето на базната
станица, која претходно сте ја одвоиле од напојувањето со
енергија, со сува крпа без влакненца и отстранете ги
честичките прав и нечистотија.
Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен персонал.
На тој начин ќе биде загарантирана безбедноста на
базната станица и на I/O-модулот.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги
извршува брзо и доверливо.
Опрема
За комплетната квалитетната програма на прибор можете
да се информирате на интернет на www.bosch-pt.com или
кај вашиот добавувач.
Сервисна служба и совети при користење
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Bosch Power Tools
Отстранување
Базната станица, I/O-модулот, батериите,
опремата и амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електронските компоненти и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската директива 2012/19/EU за
отпадна електрична и електронска опрема и
нејзината имплементација во државното
право, отпадната електрична и електронска
опрема мора посебно да се сортира и да се
складишти на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Македонски | 331
3 609 929 C48 | (30.10.13)