mk
9.6.3
Замена на покривната хауба и
перките на пропелерот
9.6.4
Замена на главчината
598
Сервисирање
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот додека се прави инсталација!
Обезбедете го местото на инсталација додека ја вршите инсталацијата со тоа
што ќе го исчистите и дезинфицирате. Ако постои можност за контакт со
медиуми опасни по здравјето, внимавајте на следниве работи:
• Носете заштитна опрема:
⇒ затворени заштитни очила
⇒ Заштита за устата
⇒ Заштитни ракавици
• Веднаш бришете ги капките.
• Внимавајте на податоците за работните правила! Раководителот мора да
се осигури дека персоналот се придржува и ги разбира работните
правила!
НАПОМЕНА
Работни чекори за демонтирање
Демонтирањето на поединечните составни елементи се прави по обратен
редослед од монтирањето.
Замената на пропелерот се прави додека погонот за мешање е монтиран.
Внимавајте на следниве точки:
▪ Подготовка на работната просторија/местото на поставување:
– Да нема големи предмети наоколу
– Да биде суво
– Да нема мраз
– Да биде деконтаминирано
▪ Работите треба секогаш да се изведуваат од страна на две лица.
▪ Избегнувајте болно и заморно држење на телото.
▪ Во случај на работна висина од повеќе од 1 m (3 ft), употребете скеле со заштита
од пад.
▪ Оградете го просторот околу скелето.
▪ Во случај на работа во затворени простории, може да се насоберат отровни
гасови или гасови што може да предизвикаат задушување. Погрижете се да има
доволно проветрување и придржувајте се до заштитните мерки согласно
оперативните задачи (пример):
– Прво употребете мерач за да измерите дали има гасови.
– Употребете уред за предупредување за гасови.
– Итн.
▪ Веднаш преземете мерки ако се насоберат отровни гасови или гасови што може
да предизвикаат загушување.
▪ За монтирање/демонтирање, погледнете го делот „Монтирање на покривната
хауба [} 584]".
▪ За монтирање/демонтирање на пропелерот, погледнете го делот „Вградување на
пропелерот [} 582]".
▪ Проверете ги поединечните перки на пропелерот дали се истрошени. Ако е
потребно, заменете ги перките на пропелерот. Консултирајте се со службата за
односи со корисниците!
▪ Забележете го аголот на поставување. Отстапувањето од аголот на поставување
влијае врз потрошувачката на струјата.
WILO GVA GmbH 2019-02