g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и на
начин кој е опишан за соодветниот тип на уред.
При тоа, земете ги предвид работните услови и
работата која се извршува. Употребата на
електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
h) Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините
за држење што се лизгаат не овозможуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) СЕРВиСиРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
БЕзБЕДНОСНи УПАТСТВА зА СТРУГАЧиТЕ
ОПШТи
• Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
• Не работете на навлажени материјали (како што се
тапети) ни на влажни места
• Не навлажнувајте го со растворувачи предметот што
го обработувате ( во текот на стружењето можат да
се појават отровни испарвувања во резултат на
загревање на материјалот што се обработува)
• Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
• Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со
прашината или нејзиното вдишување може да
шредизвика алергии и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете
• Некои видови на прашина се канцерогени (како на
пример прашината од даб или бука), особено заедно
со адитиви за одржување на дрвото; носете маска
за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
• Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
• SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
• Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
• Држете ги другите лица понастрана од местото на
кое работите
ПРЕД УПОТРЕБА
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот (алатите за напон од
230V или 240V исто така може да се поврзат и на
напон од 220V)
• Обрнете внимание на ризикот од повреди кои можат
да ја предизвикаат делчиња од материјалот кои се
расцепкуваат и разлетуваат наоколу; носете
заштитни очила и заштитни ракавици
• Нивото на бучава додека работите може да изнесува
повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
• зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
• Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со
експлозија; пенетрирање во водоводна инсталација
може да доведе до оштета на предмети или
електричен удар)
КОРиСТЕЊЕ НА ОТВОРЕНО
• Кога го користите на отворено, поврзете го алатот
преку осигурувач за струја (FI) за погрешно
напојување во струја за прекинување со максимум
30 mA и користете продолжен кабел којшто е
наменет за употреба на отворено и опремен со
водоотпорен приклучок
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат; кабелот држете го на задната
страна, на страна од алатот
• Држете го елетричниот алат само за
изолираните дршки кога извршувате работа во
случаи кога апаратот може да дојде во контакт
со електрични инсталации или со сопствениот
кабел (контакт со соголена жица исто така може да
ги наелектризира металните делови на алатот и да
предизвика струен удар)
• Никогаш не ставајте ги рацете во полето во кое
всушност и работите
• Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
ОБЈАСНУВАЊЕ зА СиМБОЛиТЕ зА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
• Поставување на приборот 6
! носете заштитни ракавици
- повлечете го прекинувачот C наназад за да го
одблокирате држачот за додатоци E
- вовлечете го додатокот ( со неговиот работен
работа насочен надолу) со целата должина во
држачот за додатоци E
- повлечете го прекинувачот C напред за да го
блокирате држачот за додатоци E
- исчистете го држачот за додатоци по секое
симнување на додатокот
• Вклучено/Исклучено
- алатот вклучете го со поместување на
прекинувачот A 2 напред
- алатот исклучете го со поместување на
прекинувачот A 2 назад (позиција 0)
92