118 | Македонски
Пред целосно да се истроши копчестата батерија (10) на
апликацијата се прикажува предупредување.
За да ја замените копчестата батерија (10) ослободете ја
бравата на капакот на батеријата (6) и извадете го
капакот (5).
Олабавете ја завртката на поклопецот од преградата за
батерии (12) и извадете го (11).
Извадете ја празната копчеста батерија и вметнете нова.
Затворете го повторно поклопецот од преградата за
батерии со завртката.
Управување преку апликацијата
Батериската светилка е опремена со Bluetooth®-модул,
којшто со безжична технологија овозможува пренос на
податоци до одредени мобилни уреди со Bluetooth®-
интерфејс (на пр. паметен телефон, таблет).
За да можете да ја управувате батериската светилка
преку Bluetooth®, потребна ви е Bosch-апликацијата
„Bosch Toolbox". Преземете ја апликацијата преку
соодветниот App-Store (Apple App Store, Google Play
Store).
Потоа во апликацијата изберете ја потточката „My Tools".
Екранот на Вашиот мобилен уред ги покажува сите
понатамошни чекори за поврзување на батериската
светилка со уредот.
Откако ќе се воспостави врска со крајниот уред, на
располагање се следните функции:
– Далечинска контрола
– Временска контрола
– Комбинирање на повеќе батериски светилки во една
група
– Персонализирање
– Проверка на статусот, издавање на пораки за
предупредување
– Општи информации и подесувања
– Управување
Совети при работењето
Дефект - Причини и помош
Причина
Помош
Не може да се воспостави Bluetooth®-поврзување со
батериската светилка.
Батериската светилка не
Извадете ги за 10 секунди
испраќа Bluetooth®-сигнал.
копчестата батерија (10) и
батеријата (8).
Светлото на батеријата не се користи преку Bluetooth®
и покрај вметнатата и наполнетата батерија.
Bluetooth®-модулот не е
Притиснете на
активиран.
прекинувачот за
вклучување/исклучување
неколку пати (2), сè додека
батериската светилка не се
користи преку Bluetooth®.
1 609 92A 5T4 | (14.10.2020)
Причина
Помош
Батериската светилка не се вклучува по безжичното
полнење.
Индукциската батерија
Извадете ја 10 секунди
мора одново да се
батеријата (8).
активира.
PIN-от на Bluetooth-поврзувањето не функционира.
PIN-от мора да се ресетира
Извадете ги за 10 секунди
на фабрички поставки.
копчестата батерија (10) и
батеријата (8).
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Изворот на светлина не може да се замени. Ако изворот
на светлина е дефектен, мора да се замени целата
батериска светилка.
Батериската светилка не мора да се одржува и не содржи
делови, што треба да се менуваат или одржуваат.
Исчистете го пластичното стакло на батериската светилка
со сува, мека крпа, за да избегнете оштетувања. Не
користете средства за чистење или раствори.
Кога копчестата батерија е целосно испразнета, заменете
ја со нова.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Bosch Power Tools