Одржување И Сервис; Редовно Одржување; Сервисна Служба И Совети При Користење - Bosch 0 607 251 102 Manual Original

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 33
OBJ_BUCH-580-004.book Page 208 Monday, September 19, 2016 3:53 PM
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
пневматскиот алат.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги
извршува брзо и доверливо.
Користете исклучиво оригинални резервни делови на
Bosch.
Редовно чистење
– Редовно чистете го филтерот на доводот за воздух од
пневматскиот алат. Притоа отшрафете ја спојницата за
црево 5 и извадете ги честичките прав и нечистотија од
филтерот. Повторно зашрафете ја цврсто спојницата за
црево.
– Честичките вода и нечистотија што ги содржи
компресираниот воздух може да предизвикаат
создавање на р'ѓа и истрошеност на ламелите,
вентилите итн. За да се спречи ова, во доводот за
воздух 11 треба да капнете неколку капки моторно
масло. Повторно приклучете го пневматскиот алат на
напојување со воздух (види „Приклучок на
напојувањето со воздух", страна 206) и оставете го да
работи 5 –10 с, додека не го соберете маслото што
капе со една крпа. Доколку пневматскиот алат не се
користи подолго време, оваа постапка треба да ја
повторите.
Редовно одржување
– По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето со
разреден раствор. Следете ги напомените
производителот на растворот за користење и фрлање.
На крај подмачкајте го куќиштето со специјална маст за
погони од Bosch. Повторете го процесот на чистење по
околу 300 работни часа од првото чистење.
Специјална маст за погони (225 мл)
Број на дел/артикл 3 605 430 009
– Ламелите на моторот треба редовно да се контролираат
од стручен персонал и доколку е потребно да бидат
заменети.
Подмачкување на пневматски алати, што не спаѓаат во
серијата CLEAN
Кај сите пневматски алати на Bosch, што не спаѓаат во
серијата CLEAN (специјален мотор со компресиран
воздух, кој функционира со обезмастен компресиран
воздух), компресираниот воздух што струи треба
постојано да се меша со маслена магла. Потребниот
подмачкувач за компресиран воздух се наоѓа на
единицата за одржување на компресиран воздух на
пневматскиот алат (деталите за тоа може да ги добиете кај
производителите на компресори).
За директно подмачкување на пневматскиот алат или за
мешање на единицата за одржување треба да користите
моторно масло SAE 10 или SAE 20.
Bosch Power Tools
Опрема
За комплетната квалитетната програма на прибор можете
да се информирате на интернет на www.bosch-pt.com или
кај вашиот добавувач.
Сервисна служба и совети при користење
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на пневматскиот алат.
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Пневматскиот алат, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
 Материјалот за подмачкување и чистење
отстранете го на еколошки прифатлив начин.
Внимавајте на законските прописи.
 Прописно отстранете ги ламелите од моторот!
Ламелите од моторот содржат тефлон. Не загревајте
над 400 °C, бидејќи може да настане пареа која е
штетна по здравјето.
Доколку вашиот пневматски алат не е повеќе употреблив,
предадете го во центар за рециклажа или пратете го во
овластената сервисна служба на Bosch.
Се задржува правото на промена.
1 609 92A 37S | (19.9.16)
Македонски | 208
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido