OBJ_BUCH-3210-001.book Page 137 Thursday, August 10, 2017 2:56 PM
Ставете го алатот за глодање во затезната чаура.
Вратилото на глодалката мора да биде вметнато најмалку
20 мм во затезната чаура.
Повторно затегнете ја навртката за осигурување во
правец на стрелките од часовникот.
Вметнете ја рачката за блокирање на вретеното 7назад во
куќиштето.
Во никој случај не ја затегајте затезната чаура со
преклопна навртка, доколку не е монтиран алат за
глодање. Инаку, затезната чаура може да се оштети.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Употреба
Подесување на длабочината за глодање
(види слики D–E)
Подесувањето на длабочината на глодање смее да
се врши само доколку електричниот апарат е
исклучен.
Електричниот апарат со монтирана глодалка поставете го
на делот што се обработува.
Свртете го тркалцето за блокирање 14 за отприлика
половина свртување во правец обратен на стрелките на
часовникот, за да се одблокира поместувањето на
длабочините на глодање.
Притиснете го копчето 8 на грубото подесување на
длабочините на глодање и држете го притиснато. Движете
ја погонската единица нагоре одн. надолу и грубо
подесете ја саканата длабочина на глодање. Отпуштете го
копчето 8.
Со тркалцето за подесување 10 подесете ја точната
длабочина на глодање. Свртување на тркалцето за
подесување ја менува длабочината на глодање за 1 mm.
Блокирајте го поместувањето на длабочините на глодање,
со свртување на тркалцето за блокирање 14 за отприлика
половина свртување во правец на стрелките на
часовникот.
Bosch Power Tools
Проверете ја подесената длабочина на глодање со
практичен обид и доколку е потребно коригирајте ја.
Доколку трајно се осигура длабочината на глодање,
можете безбедносната завртка 11 да ја навртите во
тркалцето за подесување 10 на финото подесување на
длабочини на глодање.
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
вашиот електричен апарат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на електричниот
апарат.
Наполнетата батерија 1 вметнете ја во дршката за бате-
рија, додека не се вклопи и не легне рамно во дршката.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 5 надолу, така
што на прекинувачот ќе се појави „I".
За исклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 5 нагоре, така
што на прекинувачот ќе се појави „0".
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Совети при работењето
Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
одржување, промена на алатот итн.) извадете ја
батеријата од електричниот алат. При невнимателно
ракување со прекинувачот за вклучување/исклучу-
вање постои опасност од повреди.
Заштитете ги алатите за глодање од удари.
Правец и процес на глодање (види слики F–G)
Процесот на глодање секогаш мора да се извршува
спроти правецот на ротација на алатот за глодање 17
(спротивен тек). При глодање во правец на ротација
(ист тек) електричниот апарат може да ви избега од
раката.
Напомена: Земете во предвид дека алатот за глодање 17
секогаш се издава над основната плоча 12. Не го
оштетувајте шаблонот или делот што се обработува.
Поставете ја саканата длабочина на глодање.
Вклучете го електричниот апарат и водете го по местото
што треба да се обработи.
Процесот на глодање вршете го со константна брзина.
По глодањето исклучете го електричниот апарат.
Не го оставајте електричниот апарат на страна,
додека алатот за глодање не дојде во состојба на
мирување. Електричните апарати кои не се во состојба
на мирување може да предизвикаат повреди.
Обликување и глодање на рабови (види слика H)
При обликување и глодање на рабови, глодалката мора да
биде опремена со чивии-водилки или куглично лежиште.
Се препорачува употреба на глодалки со куглични
лежишта.
Македонски | 137
1 609 92A 3WR | (10.8.17)