170 | Македонски
Монтирање на додатокот (види слика B)
Извадете го алатот за вметнување.
Вметнете го додатокот во прифатот (1). Се слуша кога
додатокот се вклопува.
Вметнете го алатот за вметнување во додатокот (види
слики C и D)
Вметнете го алатот за вметнување до крај во прифатот
(1). Алатот за вметнување се задржува во прифатот со
помош на магнет.
Додаток за стезна глава (види слика E)
Отворете го додатокот за стезна глава (11) со завртување
во правец ➊, не се вметне алатот за вметнување.
Вметнете го алатот за вметнување.
Чаурата на додатокот на стезната глава (11) свртете ја
цврсто со рака во правец ➋. Со тоа, главата за дупчење
автоматски се заклучува.
Вртење на додатокот (види слика F)
Извадете го додатокот од електричниот алат. Завртете го
додатокот во саканата позиција и потоа повторно
вметнете го.
Демонтирање на додатокот (види слика G)
Извадете го алатот за вметнување.
Извадете го додатокот од прифатот (1).
Комбинирање на додатоци (види слика H)
Вметнете го аголниот додаток (13) во прифатот (1).
Потоа вметнете го додатокот за стезна глава (11) во
аголниот додаток (13).
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
1 609 92A 66Z | (17.11.2020)
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Прекинувачот за менување на правецот на вртење (9)
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија (6) вметнете ја во
рачката, додека не се вклопи и не легне рамно на
рачката.
Подесување на правецот на вртење (види слика I)
Прекинувачот за менување на правецот на вртење
u
(9)активирајте го само кога електричниот алат е во
мирување.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (9)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (10) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (9) налево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (9) на десно до крај.
Избирање на вртежниот момент
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (2)
може да го изберете потребниот вртежен момент во 22
степени. При правилно подесување, алатот што се
вметнува ќе се стопира, откако завртката цврсто ќе се
заврти во материјалот одн. откако ќе се постигне
поставениот вртежен момент. Во позицијата
пружината за спојување е деактивирана, на пр. за
дупчење.
При одвртување на завртки евентуално може да
одберете повисока поставка одн. да поставите на
ознаката
.
Подесување на режимот на работа (види слика J)
Со прстенот за претходно подесување на видот на режим
(3) може да изберете одвртување, дупчење и ударно
дупчење.
Во позицијата „Ударно дупчење" преоптеретната спојка е
деактивирана и максималната јачина е постојано активна.
Механички избор на брзини
Прекинувач за избор на брзина (4) активирајте го
u
само кога електричниот алат е во празен од.
Со прекинувачот за избор на брзини (4) може да
изберете 2 брзини.
Брзина 1:
Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар
на дупчење или за навртување.
Брзина 2:
Bosch Power Tools