Ставање и вадење на батеријата
(види слики A1−A2)
Не употребувајте сила при ставање на батеријата.
u
Батеријата е конструирана така да само во правилна
позиција може да се вметне во производот.
Секогаш одржувајте ги чисти и суви преградата и
u
отворот за батерија, за да може добро и безбедно да
работите.
– Притиснете на копчето за отклучување (11) за
отворање на капакот на преградата за батерија (12).
– Вметнете ја батеријата (20) во отворот за батерија
(19), додека не слушнете да се вклопи.
– За вадење на батеријата (20) притиснете го копчето за
отклучување (21) на батеријата и извлечете ја од
преградата за батерии (19).
– Затворете го капакот на преградата за батерија (12).
Замена на поклопецот на преградата за
батерии (види слики A3−A5)
Доколку сакате да користите батерија ProCORE18V 12Ah,
поклопецот на преградата за батерии (12) нема да може
повеќе да се затвори. Поклопецот на преградата за
батерии (12) може во овој случај (34) да се замени со
дизајниран поклопец.
Во влажна или мокра околина всисувачот може да се
користи само доколку е затворен поклопецот на
преградата за батерии.
Демонтирање на поклопецот на преградата за батерии
(види слики A3)
Извадете ја батеријата (20) од преградата за
батерии (19).
Извадете ги двете завртки за прицврстување (33)
(ST4×12) со крстест одвртувач PH1 и тргнете го
поклопецот на преградата за батерии (12).
Вметнување на поклопец (види слика A4)
Притиснете го држачот на поклопецот на преградата за
батерии (35) надолу и вметнете го поклопецот (34).
Вадење на поклопец (види слика A5)
Поставете плоснат одвртувач, повлечете го
поклопецот (34) малку кон назад и извлечете го.
Притиснете го притоа држачот на поклопецот на
преградата за батерии (35) надолу.
Монтирање на држачите за опремата за
всисување (види слика B)
– Цврсто вметнете го држачот (22) за цевка за
всисување и млазницата за фуги од горе во
предвидениот прифат (10), додека не се вклопат.
– Цврсто вметнете го држачот (23) за црево за
всисување и подната млазница од горе во
предвидениот прифат (7) и затегнете ја завртката за
фиксирање (24).
Bosch Power Tools
Монтирање на црево за всисување
(види слика C)
– Ставете го цревото за всисување (13) во прифатот за
црево (8), додека двете копчиња на притискање (25)
не се вклопат во цревото за всисување.
Напомена: При всисувањето, поради триењето на правта
во цревото и опремата за всисување настанува
електростатичко полнење, што корисникот го чувствува
во форма на статичко празнење (во зависност од
влијанијата на околината и телесната чувствителност).
Монтирање на опремата за вшмукување
Цревото за всисување (13) е опремено со систем со
стеги, со којшто може да се приклучи опремата за
всисување (адаптер за всисување (14), свиткана
млазница (15)).
Монтирање на адаптерот за всисување или
заоблената млазница (види слика D)
– Вметнете го адаптерот за всисување (14) или
заоблената млазница (15) на цревото за всисување
(13), додека не слушнете да се вклопат двете копчиња
на притискање (25).
– За демонтирање, притиснете на двете копчиња на
притискање (25) навнатре и извлечете ги деловите
еден од друг.
Монтирање на млазниците и цевките
– По потреба цврсто вметнете ги цевките за всисување
(18) една во друга и потоа на свитканата млазница
(15).
– Вметнете ја подната млазница (17) или млазницата за
фуги (16) цврсто на цевката за всисување (18) или на
свитканата млазница (15).
Прицврстување на ременот за носење
(види слика E)
Дозволете карабинерите на ременот за држење (30) да
навлезат во окцата за прицврстување (9) на всисувачот.
Монтирање на лизагачки валјак (види слика F)
Вметнете ги 4 чивиите за прицврстување на лизгачките
валјаци (31) во прифатот за лизгачки валјаци (32),
додека не слушнете да се вклопат.
Според нормата EN 12529 (дијаметар на чивијата за
прицврстување 11 mm) може да се користат и други
лизгачки валјаци.
Проверете ја функционалноста на сопирачката на
u
тркалцето пред да започнете со користење на
всисувачот.
Употреба
Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
u
чистењето на всисувачот, пред да направите на
поставки на уредот, замена на деловите или тргање
на всисувачот настрана. Овие мерки за
Македонски | 151
1 609 92A 5KE | (20.04.2020)