– Вметнете го горниот дел на всисувачот (13) и
затворете ги затворачите (15).
Извадете ја вреќичката за отпад и затворете
– Отворете ги затворачите (15) и извадете го горниот
дел на всисувачот (13).
– Извлечете ја полната вреќичка за отпад (29) од
приклучната прирабница наназад.
– Внимателно извадете ја вреќичка за отпад (29), од
садот (1) без да ја оштетите.
Внимавајте на тоа, вреќичката за отпад да не стрчи на
приклучната прирабница или на другите остри
предмети.
– Извлечете го капакот со лепливи ленти и залепете ја
вреќичката за отпад.
Потоа прикачете ја вреќичката за отпад (29) под
отворот за полнење со извадениот капак со лепливи
ленти.
Менување/вметнување на ќесата за прав (опрема)
– Отворете ги затворачите (15) и извадете го горниот
дел на всисувачот (13).
– Извлечете ја полната ќеса за прав наназад од
приклучната прирабница. Затворете го отворот на
ќесата за прав со затворање на капакот. Извадете ја
затворената ќеса за прав од садот (1).
– Наместете ја новата ќеса за прав на приклучната
прирабница на всисувачот. Проверете дали ќесата за
прав по целата должина налегнува на внатрешниот ѕид
од садот(1).
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (13) и
затворете ги затворачите (15).
Вметнување на гумената лента (всисување
влажни материи) (види слика E)
Напомена: Барањето за степен на пропустливост (класа
на прав M) е утврдено само за всисување на суви
материјали.
– Извадете ги четките (33) со соодветен алат од подната
млазница (34).
– Поставете ја гумената лента (32) во подната млазница
(34).
Напомена: Структурираната страна на гумената лента
мора да покажува нанадвор.
Вклопување на L-BOXX (види слика F)
За транспорт на всисувачот и за заштеда на простор при
складирање на опремата на всисувачот и/или
електричниот алат, може да прикачите L-BOXX на горниот
дел од всисувачот.
– Прикачете го L-BOXX на држачите (11).
Не всисувајте со прикачен L-BOXX. Тежиштето на
u
всисувачот се поместува нагоре. Всисувачот може да
се преврти. Постои опасност од повреда и
оштетување.
Не го носете всисувачот на рачката за носење на
u
прикачениот L-BOXX. Всисувачот е претежок за
Bosch Power Tools
рачките за носење на L-BOXX. Постои опасност од
повреда и оштетување.
Употреба
Извлечете го приклучокот од конекторот, пред
u
одржувањето или чистењето на всисувачот, пред
регулирање на поставките на уредот, замена на
деловите или тргање настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на всисувачот.
Полначите означени со 230 Vисто така може да се
користат и на 220 V.
Информирајте се за важечките одредби/закони во
u
Вашата земја во однос на постапувањето со
честички прав што се штетни по здравјето.
Всисувачот може да се користи за всисување и
издувување на следните материјали:
– Прав со гранична вредност на изложеност ≥ 0,1 mg/m
Во основа, всисувачот не смее да се користи во
простории каде постои опасност од експлозија.
За да се загарантира оптимален капацитет на всисување
мора секогаш целосно да го одвиткувате цревото за
всисување (27) од горниот дел на всисувачот (13).
Всисување на суви материјали
Всисување на наталожена прав
– Подесете го регулаторот на волуменски проток (6) на
дијаметарот на цревото.
– За да го вклучите всисувачот
прекинувачот за избор на начин на работа
(7) поставете го на ознаката „Всисување".
– За да го исклучите всисувачот, поставете
го прекинувачот за избирање на режим на
работа (7) на ознаката „Исклучување".
Всисувачот е опремен со контрола на волуменскиот
проток. Контролата на волуменскиот проток е фиксно
поставена на режимот на работа „Всисување" на
вредност од 20 m/s, независно од позицијата на
регулаторот на волуменскиот проток (6).
Доколку оваа вредност се пречекори, на пр. поради
насобрана нечистотија во цревото за всисување, полна
вреќичка за прав или вметнат набран филтер, се слуша
звучен сигнал за предупредување. Во тој случај,
исклучете го всисувачот и проверете го како што е
опишано во делот „Отстранување на пречките".
Всисување на правта што се создава додека работат
електричните алати (види слика G)
Мора да постои доволен степен на проток на воздух
u
(L) во просторот, бидејќи издувниот воздух се
Македонски | 211
3
1 609 92A 4LZ | (19.11.2018)