Bosch GIC 120 C Professional Manual Original página 119

Ocultar thumbs Ver también para GIC 120 C Professional:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 21
– зафатеност на меморијата/форматирање на Micro-SD-
картичката (m)
Статусна лента
Статусната лента (b) се отвора околу 2 s на екранот по
секое притискање на копчињата. Таа ги покажува:
– поставениот режим на снимање (a)
– датум и време
– поставено зголемување (c)
– поставена осветленост (i)
– состојбата на наполнетост на акумулаторските
батерии/батериите (e)
Префрлање на слики и видеа
Префрлањето на слики и видеа е возможно само доколку
е ставена Micro-SD-картичката (20).
Камерата за проверка може да се поврзе со помош на
Micro-USB-кабел (19) со компјутер, за да се префрлаат
слики и видеа.
Напомена: USB-конекторот не може да се користи за
поврзување со Apple-производи (на пр. MacBooks). Во
овој случај преносот на податоци не функционира само
преку Micro-USB-картичката.
Камерата за проверка на екранот покажува со една
ознака дека е поврзана со компјутер.
На компјутерот камерата за проверка е прикажана како
надворешен диск.
Акумулаторската батерија на камерата за проверка не
може да се полни преку приклучокот (12).
Приклучете Micro-USB-кабел за пренос на податоци
Отворете го горниот поклопец (10) и ставете го правилно
Micro-USB-кабелот (19) во приклучокот (12).
По преносот на податоци извадете го Micro-USB-кабелот
и повторно затворете го горниот поклопец.
Совети при работењето
Испитајте ја околината што сакате да ја проверите, а
особено внимавајте на пречките или опасните места.
Свиткајте го кабелот на камерата (13) така што главата на
камерата ќе може лесно да се воведе во околината која
треба да се истражи. Внимателно водете го кабелот на
камерата.
Осветленоста на светлата на камерата (15) прилагодете
ја на тој начин што сликата добро ќе се препознае. На пр.
кај предметите што имаат јака рефлексија, може да се
постигне подобра слика со помалку светло.
Доколку предметите што се бараат се прикажани нејасно,
тогаш намалете го или зголемете го растојанието помеѓу
главата на камерата (14) и преметот.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобил во лето.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Bosch Power Tools
Внимавајте на напомените за отстранување.
Дефект – причини и помош
Причина
Приказ на грешка на екранот
Кабелот на камерата
не е монтиран
Micro-SD-картичката
не е ставена одн. не е
правилно ставена
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Не го потопувајте рачниот уред (1) во вода или други
течности.
Постојано одржувајте ја чистотата на камерата за
проверка. Исчистете ги камерата за проверка и сите
други помошни средства темелно, особено доколку сте
работеле во области со супстанци опасни по здравјето.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
Особено редовно чистете ја леќата на камерата (16) и
внимавајте на влакненцата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Македонски | 119
Помош
Монтирајте го кабелот
на камерата.
Ставете ја Micro-SD-
картичката и
вметнете ја до крај.
1 609 92A 63E | (10.11.2020)
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gic 120 c

Tabla de contenido