MK
УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА
1. ЗАВРШНА МОНТАЖА
ЗАБЕЛЕШКА - Тревокосачката може да биде опремена со
некои веќе монтирани компоненти.
ВНИМАНИЕ – потпирањето и целата монтажа треба да се
извршат на цврста и рамна површина со доволно простор за
поместување на машината и на амбалажата користејќи
секогаш соодветни алати.
Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во согласност
со важечките локални закони.
1.1a
Со рачка, тип "I": Подигнете ја рачката за регулација на
висината на сечивото во позиција «5».
Вметнете го на долниот крај од надворешната страна на шасијата
долниот дел од рачката (1) и зацврстете ја со соодветните завртки
(2) притоа внимавајќи правилно да ги зацврстите оддолу.
Прицврстете го горниот дел од рачката (3) на долниот дел (1) преку
дршките (4) и завртките, како што е прикажано. Употребето го
држачот на кабел (5) на означеното место за зацврстување на
кабелот (6).
Правилната положба за прицврстување на кабелот (7) е онаа
прикажаната.
1.1b
Со рачка, тип "II": Предниот дел на веќе поставената
рачка (1), донесете го во позиција за работа и блокирајте го меѓу
фаќалките (2).
Фаќалките (2) треба да се регулираат на тој начин да
обезбедуваат стабилно фиксирање на горниот дел (1) на двата
задни дела на рачката (4 и 5), без примена на прекумерна сила за
блокирање или деблокирање. За регулација на силата на
задржување, треба да се деблокираат фаќалките (2) и да се
зашрафат или отшрафат на својата оска до каде што е потребно.
Порамнување на ракофатите (6) е можно со регулација на
висината на рачката; по извршена регулација, зашрафете ги добро
ракофатите (6).
Фиксирајте го електричниот кабел со помош на стегалките (7-ако
се предвидени) на начин да ја следи регулацијата на висината на
рачката без да се затегнува.
Точната положба на водилката на кабелот (8) е како што е
прикажано.
1.2a
За цврст магацин за трева: Спојте ги двата странични
делови (1) и (2) на магацинот, а потоа поставете го горниот дел (3)
со точно склопување на сите надворешни профили.
Монтирајте ја рачката (4) на горниот дел од вреќата и вметнете ја
на соодветните места.
1.2b
За магацин за трева од пластика и платно:Со
пластичниот дел (11) надолу, прицврстете го платното (12) за
средниот пластичен дел со штрафови (13). Внесете го платното
(12) во вреќата (14) и спојте ги сите пластични профили (15), со
помош на штрафцигер, како што е прикажано на сликата. Вметнете
го на долниот крај од периметралните граничници (16) платното во
жлебовите на пластичните делови (11), оставајќи 5-7 мм на
краевите.
Монтирајте ја рачката (17) на горниот дел од вреќата и вметнете ја
на соодветните места.
2. ОПИС НА КОНТРОЛИТЕ
2.1
Моторот се контролира преку прекинувач со двојно дејство
кој спречува негово несакано случајно стартување. За стартување
на моторот, притиснете го копчето (2) и повлечете го лостот (1).
Моторот автоматски застанува при отпуштање на лостот (1).
2.2
Височината се регулира со употреба на лостот (1). ОВА
РЕГУЛИРАЊЕ ВРШЕТЕ ГО САМО КОГА НОЖОТ МИРУВА.
2.3
Само со рачка, тип "II": Тревокосачката е опремена со
телескопски систем за регулација на рачката на начин што
држачот и командите се наоѓаат на оптимална висина во сооднос
со висината на операторот.
Регулацијата се извршува со порамнување на ракофатите (1) и со
повлекување или вртење на држачот на рачката (2) сe додека не
се постигне саканата позиција; по извршената регулација,
зашрафете ги добро ракофатите (1).
3. КОСЕЊЕ НА ТРЕВАТА
ВНИМАНИЕ - Оваа машина треба секогаш да работи со
правилно вметната вреќа за собирање трева.
3.1
Подигнете го дефлекторот и соодветно прицврстете го
магацинот за трева (1) како што е прикажано на сликата.
3.2
Прикачувајте го правилно продолжниот кабел како е
прикажано за различни видови на споеви.
Стартувајте го моторот со притискање на безбедносниот
прекинувач (2) и повлекување на лостот (1) на спојката на погонот.
3.3
Додека косите, внимавајте кабелот за напојување секогаш
да биде зад вас и на површината која е веќе покосена.
Тревникот ќе изгледа поубаво ако тревата секогаш се коси на иста
височина и со наизменично менување на правецот на косење.
3.4
Кога ќе завршите со косењето, отпуштете го лостот (1).
ПРВО исклучете го кабелот за напојување од мрежната
приклучница (2) и ПОТОА од страната на спојката на
тревокосачката (3).
• Само со рачка, тип "II" со намотување: Исклучете го
продолжниот кабел ПРВО од главниот штекер (2) а, ПОТОА
намотајте го на соодветното место за намотување на
тревокосачката (4).
ПОЧЕКАЈТЕ НОЖОТ ПОТПОЛНО ДА ЗАПРЕ пред да започнете со
било каква работа на косачката.
ВАЖНА НАПОМЕНА
Ако моторот запре во текот на работата заради прегревање,
почекајте околу 5 минути пред одново да го стартувате.
4. РУТИНСКО ОДРЖУВАЊЕ
ВАЖНО - Регуларното и грижливо чување е неопходно за да се
сочуваат степенот на сигурност и оригиналноста на
тревокосачката.
Тревокосачката одлагајте ја на суво место.
1) Треба да се носат цврсти ракавици за работа пред секое
чистење, чување или регулирање на тревокосачката.
2) По секое косење, остранете ги остатоците од трева и кал
наталожени во внатрешноста на шасијата за да избегнете
исушување на истите кои можат да предизвикаат потешкотии
во нарденото користење.
3) Осигурете се дека слободните делови се без остатоци.
4.1
Секоја интервенција врз ножевите мора да се извршува во
специјализиран сервис каде има посоодветна опрема.
За оваа машина се предвидени ножеви кои го носат знакот:
81004145/0
Ножевите треба секогаш да се обележани со знакот
развојот на производот, горенаведените сечива треба со време да
се заменат со други со соодветни карактеристики за замена и
функционална безбедност.
Поставете го сечивото одново (2) со знакот и обележувањето
свртени кон теренот следејќи го посочениот редослед на сликата.
Зашрафете ја централната навртка (1) со динамометричен клуч со
калибрација од 16-20 Nm.
4.2
Немојте да користите вода под притисок и избегнувајте
влажнење на моторот или електричните компоненти.
Немојте да користите груби средства за чистење на шасијата.
5. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да се извршува
релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на
граѓанските погодности и на просторот во кој живееме.
– Избегнувајте постоење на елементи на нарушување во
непосредното опкружување.
– Следете ги точно локалните закони за фрлање на материјалите
кои ќе се резултат на сечењето.
– Доследно следете ги локалните закони за фрлање на
амбалажата, делови во распаѓање или какви било елементи со
штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смее
да се фрлаат во ѓубре туку треба да се селектираат и однесат
во соодветни собирни центри кои рециклираат материјали.
– При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било
во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност
со важечките локални закони.
Ако имате било какви недоумици или проблеми, немојте да се
двоумите да контактирате со најб-лискиот Сервисен Центар или
Продажен пункт.
. Заради
37