Bosch GPB 18V-2 C Professional Manual Original página 188

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
188 | Македонски
упатството за користење на Вашиот аудио извор/
Вашиот паметен телефон.
– Веднаш штом ќе се воспостави врската преку
Bluetooth®, постојано свети приказот Bluetooth® (a).
Аудио изворот поврзан преку Bluetooth® може да се
управува и преку радиото:
– За да изберете наслов и да го стартувате,
притискајте го кратко копчето за пребарување
нанапред (9) одн. копчето за пребарување
наназад (10) додека не стигнете до саканиот наслов.
Репродукцијата на избраниот наслов автоматски
стартува.
– За да ја прекинете репродукцијата, притиснете го
копчето за исклучување на звукот (8). На екранот се
појавува приказот пауза (f).
– За да продолжите со репродукцијата, повторно
притиснете го копчето за исклучување на звукот (8),
променете ја гласноста преку копчето за вклучување/
исклучување (2) или притиснете го копчето за
пребарување нанапред (9) одн. копчето за
пребарување наназад (10).
– За премотување напред одн. назад во рамки на
еден наслов држете го притиснато копчето за
пребарување нанапред (9) одн. копчето за
пребарување наназад (10) додека не стигнете до
саканото место во насловот.
Ако за време на работењето преку Bluetooth® се
притисне едно од копчињата за зачувување на
програмата (5), тогаш радиото менува на станицата
зачувана во последно користениот режим на работа на
радиото.
Репродукција со True Wireless Stereo (кај аудио извор
Bluetooth®)
Ако се репродуцира аудио извор преку Bluetooth®, може
да се активира функцијата True Wireless Stereo (TWS).
Притоа, 2 радија (или GPB 18V‑2 C или GPB 18V‑2 SC)
служат како десен и лев звучник за иста репродукција.
Активирање на функцијата True Wireless Stereo:
– Едно од двете радија мора да биде веќе поврзано
преку Bluetooth® со аудио изворот.
– Бирање на радиото како десен звучник: изберете во
менито <TWS> → <TWSR> (GPB 18V‑2 C)
одн. <TWS> → <TWS Right> (GPB 18V‑2 SC).
– Бирање на радиото како лев звучник: изберете во
менито <TWS> → <TWSL> (GPB 18V‑2 C)
одн. <TWS> → <TWS Left> (GPB 18V‑2 SC).
– Исто така, вклучете го и на 2-то радио режимот на
работа Bluetooth®.
– На 2-то радио, изберете го другиот звучник во менито.
– Управувајте со репродукцијата преку Bluetooth® како и
обично.
Менување на поставките на менито
За да стигнете до функцијата на менито, притискајте го
копчето за исклучување на звукот (8) (MENU) додека на
екранот не се појави приказот функција на мени (e).
1 609 92A 5NG | (27.05.2020)
Навигирајте во менито:
– Лизгајте преку менито: вртете го копчето Source (7).
– Изберете и зачувајте ја поставката на менито:
притиснете го копчето Source (7) (OK).
– Сменете во подмени: притиснете го копчето
Source (7).
– Сменете од подменито назад кон повисоко мени:
кратко притиснете го копчето за исклучување на
звукот (8). Кога ќе се достигне горното ниво на
менито, радиото се враќа во режимот на аудио.
За да излезете од функцијата на менито на кое било ниво
и да се вратите на режимот на аудио, притискајте го
копчето за исклучување на звукот (8) додека на екранот
не се изгаси приказот функција на мени (e).
Алтернативно, радиото автоматски менува на режимот на
аудио 10 s по последното притискање на копчето.
Ако поставките на менито повеќе не се зачувуваат при
исклучувањето на радиото, тогаш сменете ја копчестата
батерија (батерија за резервно напојување).
Опции на менито (GPB 18V‑2 C)
Изборот на менито делумно зависи од режимот на работа
на аудио, во кој е поставено радиото.
<EQ>
Мени звук: нивото на висина на звук <TR> и длабочина
на звукот <BA> можете да ги поставите во опсег од  −5
до +5. Поставките на звукот одделно се зачувуваат за
секој аудио извор.
<TIME>
Мени време: можете да избирате помеѓу временските
формати 12 часа <12HR> и 24 часа <24HR> и да го
поставите времето рачно.
<MONO> (кај аудио извор FM/FM2)
Мени моно прием: моно приемот можете да го
вклучите <ON> или исклучите <OFF>. Моно приемот се
препорачува ако радиото често менува помеѓу стерео и
моно прием при станица со слаб сигнал.
<TWS> (кај аудио извор Bluetooth®)
Мени True Wireless Stereo: можете да го поставите
радиото како десен звучник <TWSR>, како лев
звучник <TWSL> или да ја исклучите функцијата <OFF>.
Опции на менито (GPB 18V‑2 SC)
Изборот на менито делумно зависи од режимот на работа
на аудио, во кој е поставено радиото.
Во рамките на менијата, името на менито се прикажува
во горната линија на мултифункционалниот приказ (k),а
поставката што можете да ја изберете во долниот дел.
<Set EQ>
Мени звук: нивото на висина на звук <Treble> и
длабочина на звукот <Bass> можете да ги поставите во
опсег од −5 до +5. Поставките на звукот одделно се
зачувуваат за секој аудио извор.
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido