Електричните алати користете ги само со
u
специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да
предизвика опасност од повреда или пожар.
Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го
u
подалеку од други метални предмети, како на пр.,
спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или
други помали метални предмети што може да
предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток
спој на батериските извори може да предизвика
изгореници или пожар.
Под непредвидени околности, течноста може да
u
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
Не употребувајте сет на батерии или алат што е
u
оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на
u
оган или висока температура. Изложувањето на оган
или на температура повисока од 130°C може да
предизвика експлозија.
Следете ги сите упатства за полнење и не го
u
полнете сетот на батерии или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Никогаш не поправајте оштетени сетови на
u
батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за одвртувачи
Држете го електричниот алат за изолираната
u
површина додека сечете, за прицврстувачот да не
дојде во контакт со скриена жица. Ако
прицврстувачите дојдат во допир со „жица под напон",
може да ги изложат металните делови на електричниот
алат „под напон" и операторот може да добие струен
удар.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
Bosch Power Tools
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување.
Цврсто држете го електричниот апарат. При
u
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
При оштетување и непрописна употреба на
u
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
u
краток спој.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
u
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
Користете ја батеријата само во производи од
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Доколку се блокира алатот што се вметнува,
u
веднаш исклучете го електричниот алатот. Бидете
претпазливи со високите реакциски моменти, што
може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се
вметнува се блокира, ако електричниот алат се
преоптовари или се навали кон делот што се
обработува.
Правта што настанува при
ПРЕДУ-
шмирглање, сечење, брусење,
ПРЕДУВАЊЕ
дупчење и слични дејности може
да има канцерогено, тератогено или мутагено дејство.
Некои од овие материи содржани во правта се:
олово во бои и лакови што содржат олово; кристален
силициум во цигли, цемент и други ѕидарски работи;
арсен и хромат во хемиски третирано дрво. Ризикот од
заболување зависи од тоа колку често сте изложени на
овие супстанци. За да ја намалите опасноста, треба да
работите само во добро проветрени простории со
соодветна заштитна опрема (на пр. со специјално
конструирани уреди за заштита при дишење, кои ги
филтрираат и најситните честички прав).
Избегнувајте случајно вклучување. Осигурете се
u
дека прекинувачот за вклучување/исклучување е
во исклучена позиција, пред да ставите батерија.
Македонски | 243
1 609 92A 4V1 | (05.03.2019)