При оваа температура во одделот за загревање се достигнуваат
различни температури во садовите за разградување, во зависност
од точката на вриење на супстанците кои се разградуваат:
•
Водните раствори кои содржат разредени киселини и бази
достигнуваат температура од 150 °C (на пр. LatoN, LCW 902
комплети, кивети со тестови за фосфат итн.).
•
Полу-концентрираните и концентрираните киселини (сите
кивети со COD тестови) достигнуваат температура од 170 °C.
Стандардна програма COD
Температурата на разградувањето е 148 °C, а времето на
разградување е 120 минути (заедно со времето на загревање).
Во оваа програма не може да се избере времето на разградување.
COD разградувањето може веднаш да започне на 148 °C и
120 минути.
Слика 5 Главно мени — одредување на копчињата
1
2
1
Копче 1
2
Копче 2
Забелешка: Почекајте најмалку 20 секунди пред да го
рестартирате инструментот за да избегнете оштетување
на електрониката.
Преглед на дополнителните елементи од менито
Притиснете го копчето 4 за да се прикажат дополнителните
елементи од менито PRG (Програмирање), VAR (Варирање)
и CPRG (Бришење).
Македонски 284
3
4
3
Копче 3
4
Копче 4
PRG
Програмирајте ги специфичните разградувања со внесување
на терминот за разградување, температурата, времето на
разградување и позицијата
VAR
Менувајте ги специфичните разградувања со менување
на терминот за разградување, температурата, времето на
разградување и позицијата (= прилагодување на специфичните
програмирани параметри во главното мени)
CPRG
Избришете ги специфичните разградувања.
Притиснете го копчето 4 за да се вратите на главното мени.
Започнување со разградувањето
О П А С Н О С Т
Потенцијална опасност при контакт со хемиски/биолошки супстанци.
Работењето со хемиски примероци, стандарди и реагенси може да биде
опасно. Запознајте се со основните безбедносни процедури и правилното
ракување на хемикалиите пред да работите со уредот и прочитајте ги
и следете ги сите релевантни безбедносни информации.
Киветите и епруветите за реакции за примероци се подготвени во
согласност со работната процедура која важи во моментот.
На инструментот, изберете ја програмата за температурата наведена на
работната процедура која важи во моментот.
Повисоките температури од оние кои се наведени во работната постапка
може да предизвикаат пукање на епруветите или киветите за реакција или
нивно оштетување во одделот на термостатот.
Доколку се случи ова, обратете се на техничката поддршка за корисниците.