104 | Македонски
Не користете електричен алат ако не можете да го
u
вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
поправи.
Исклучете го електричниот алат од струја и/или
u
извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат
u
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати
се опасни во рацете на необучени корисници.
Одржување на електрични алати и дополнителна
u
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат
на поправка пред да го користите. Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на
електричните алати.
Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
u
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
Електричниот алат, дополнителната опрема,
u
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги
u
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за ножици за лим
Електричниот алат не е погоден за стационарна
u
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
Работете само со монтиран одбивач на струготини.
u
Внимавајте одбивачот на струготини да не е
оштетен или свиткан. Со работењето без одн. со
оштетен одбивач на струготини постои опасност од
повреда. Оштетениот одбивач на струготини веднаш
заменете го во овластената сервисна служба Bosch.
1 609 92A 50E | (04.12.2019)
Носете заштитни ракавици за време на работата и
u
особено внимавајте на струјниот кабел. Внимавајте
исечените делови од лимот да не ги свиткате во
правец на телото или струјниот кабел. На исечените
лимови се создаваат остри рабови, на кои може да се
повредите или да го оштетите струјниот кабел.
Доколку е потребно, тргнете ги свитливите делови од
лимот настрана од телото одн. од струјниот кабел со
заштитни ракавици.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење на лимови без
губење на струготини. Тој е наменет за прави и криви
резови.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Прекинувач за вклучување/исклучување
(2) Одбивач на струготини
(3) Дополнителна рачка
(4) Завртка на дополнителната рачка
(5) Прифат за дополнителната дршка
(6) Завртка за подесување на горниот нож
(7) Притискач
(8) Горен нож
(9) Завртка за прицврстување за горниот нож
(10) Долен нож
(11) Завртка за подесување на долниот нож
(12) Завртка за прицврстување на долниот нож
(13) Мерило за подесување
Технички податоци
Ножици за лим
Број на дел/артикл
Номинална јачина
Излезна моќност
Број на работни одови во
празно n
0
GSC 2,8
0 601 506 1..
W
500
W
270
−1
min
2400
Bosch Power Tools