148 | Македонски
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
По автоматското исклучување на пиштолот за
u
силикон, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
При работа со батерискиот пиштол за силикон
u
носете лична заштитна опрема, којашто е
препорачана од производителот на потрошниот
материјал. Напомени за ова ќе најдете на
безбедносниот лист на потрошниот материјал. Во
секој случај носете заштитни очила и ракавици,
коишто се наменети за работа со хемиски супстанци.
Во зависност од материјалот, потребни се и
дополнителни заштитни мерки.
Овој електричен алат смее да се користи само за
u
истиснување на заптивни смеси и лепила од
комерцијални тубуларни ќеси и патрони.
Истиснувањето на други материјали или употребата на
специфични системи за пакување е строго забранета.
При обработка на испарливи или опасни
u
супстанции треба да се внимава работното место да
биде доволно проветрено и по потреба да се носи
соодветен апарат за дишење.
Бидете сигурни дека тубуларните ќеси и патроните
u
се со правилната големина за овој електричен алат.
Бидете сигурни дека тубуларните ќеси и патроните
одговараат за држачот за ќеси и патрони и дека тој е
добро прицврстен во електричниот алат. Дури тогаш
започнете со притискање на материјалот.
Никогаш не се обидувајте, да истиснувате
u
материјал од погрешно насочен или затнат патрон.
За да избегнете опасности поради делови што
u
одлетуваат, бидете сигурни дека електричниот алат
никогаш не се употребува со лабаво капаче за
затворање. Ако отворот за истекување е блокиран за
време на употребата, мора да се замени.
За време на употребата на електричниот алат
u
никогаш не го насочувајте истиот кон себе или кон
други лица.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
1 609 92A 7G3 | (29.03.2022)
Наменета употреба
Пиштолот за силикон е наменет за нанесување заптивни
смеси и лепила со различна вискозност на сува подлога
без прашина и маснотии или за исполнување на фуги со
материјалот што се употребува. Пиштолот за силикон
може да се користи во околина заштитена од испрскана
вода и на отворено.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Капаче за затворање
(2) Држач на ќеси и патрони
(3) Затезна навртка
(4) Пластична шајбна за истиснување за тубуларни
ќеси
(5) Метална шајбна за истиснување за тубуларни
ќеси
(6) Алуминиумски диспензер за истиснување
(7) Назабена летва
(8) Сврзно капаче
(9) Држач за појасот за рамо
(10) Повлекувач на назабената шина
(11) Вртливо копче за брзина на движење
(12) Отклучување на назабената шина
(13) Прекинувач за вклучување/исклучување
(14) Механизам за заклучување
(15) Приказ за наполнетост на батеријата
(16) Копче за прикажување на наполнетоста на
a)
батеријата
(17) Копче за отклучување на батерија
a)
(18) Батерија
(19) Рачка (изолирана површина на рачката)
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Батериски пиштол за силикон
Број на дел
Номинален напон
Патрон
Тубуларна ќеса
Макс. напојување
Сила на истиснување
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014
– со батерија
– без батерија
Димензии (должина ×
ширина × висина)
a)
a)
GCG 18V-600
3 601 JC4 0..
V=
18
ml
до 400
ml
до 600
mm/s
8
kN
3,5
A)
kg
2,6−3,6
kg
2,2
mm 635 × 255 × 80
Bosch Power Tools