Одржување и складирање
Пред сервисирање, проверка или
прилагодување на уредот, згаснете
го, исклучете го од напојување и
почекајте да се олади. Пред секоја
проверка или прилагодување
внимавајте сите делови на уредот
да мируваат.
Грижете се за уредот и одржувајте
го чист.
Редово прегледувајте ја косачката
и замеувајте ги веднаш оштетените
или изабените делови.
Секогаш користете Bosch
оригинални резервни делови.
Ако користите продолжен кабел,
тој не смее да биде послаб од
напојниот кабел на уредот.
Редовно проверувајте ги напојниот
и продолжниот кабел за евентуални
оштетувања. Не употребувајте го
уредот, ако кабелот е оштетен.
При сервисирање, имајте на ум
дека и покрај тоа што уредот е
опремен со автоматска блокада од
вклучување, моторот сепак може
да се придвижи рачно и да се
активира сечилото.
Никогаш не манипулирајте со
автоматската блокада.
Безбедност од електричен удар
Внимание! Извадете го напојниот
кабел од утикач пред да ја
прегледувате или чистете
машината. Истото важи и ако
кабелот е оштетен, прекинат или
сплеткан.
Bosch Power Tools
Вашата машина е за Ваша безбедност
двојно изолирана и не и е неопходно
заземјување. Работниот напон е
230 V AC, 50 Hz (вон ЕУ 220 V).
Употребувајте само одобрени
продолжни кабли. За дополнителни
информации обратете се во Вашиот
овластен кориснички сервис.
За подобра безбедност користете
резидуален уред (РЦД) кој се
активира на отстапување од 30 mA.
Резидуалниот уред треба да се
проверува пред секоја употреба.
Предупредување за производите кои
не се за Британски пазар
предвидени:
ВНИМАНИЕ: За Ваша безбедност
потребно е уредот да е поврзан со
продолжниот кабел преку соодветен
утикач. Спојот со продолжниот кабел
мора да биде заштитен од прскање,
направен од гума или обложен со
гума. Продолжниот кабел мора да се
користи со автоматски намотувач.
Продолжниот кабел мора редовно да
се прегледува за евентуални
оштетувања и да се користи само ако
е во совршена состојба.
Доколку напојниот кабел е оштетен
мора да го поправи Бош електричар.
Користете само продолжни кабли со
H05VV-F или H05RN-F.
Македонски | 159
F 016 L81 148 | (22.10.14)