Ставање Во Употреба; Совети При Работењето - Bosch HWS 0 602 301 4 Serie Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para HWS 0 602 301 4 Serie:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 52
OBJ_BUCH-2487-002.book Page 353 Wednesday, November 2, 2016 4:43 PM
Сега можете да го приклучите претворачот на фреквенции
на напојувањето со енергија.
Како да го приклучите претворачот на фреквенции на
напојувањето со енергија, погледнете во упатството за
работа на претворачот на фреквенции.
 На крај проверете го правецот на вртење!
Проверување на правецот на вртење
Правецот на вртење на вретеното за брусење мора да
соодветствува со ознаката за стрелка на сликата на
електричниот апарат.
Ако вретеното за брусење при првото пуштање во
употреба се врти во погрешен правец (види
„Вклучување/исклучување на електричниот апарат",
страна 353), мора веднаш да го исклучите електричниот
апарат и да го исклучите од напојувањето со енергија.
– Одново олабавете ги двете завртки 22, и повторно
извлечете го додатокот за приклучок 21 од куќиштето
на CEE-приклучокот 24.
– Олабавете ги металните прстени од кафената и црната
жица од нивните контактни отвори.
– Потоа ставете го металниот прстен на црната жица L3 во
контактниот отвор L1 и металниот прстен на кафената
жица L1 во контактниот отвор L3.
– Повторно затегнете ги малите завртки 23 во додатокот
за приклучок 21, за да ги фиксирате жиците.
– Повторно вметнете го додатокот за приклучок 21 во
куќиштето на CEE-приклучокот 24 и повторно затегнете
ги двете завртки 22.
– На крај проверете ја правилната функција на
заштитниот спроводник.
– Приклучете го електричниот апарат повторно на
напојување со енергија.
Употреба
Ставање во употреба
 Напонот и фреквенцијата на изворот на струја мора
да одговараат на податоците со спецификационата
плочка на електричниот апарат.
 Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку една минута 1, без да
го користите апаратот на материјал. Не користете
оштетени, нетркалезни или алати за брусење што
вибрираат. Оштетените алати за брусење може да
пукнат и да предизвикаат повреди.
 Поставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 1 во позиција на
„Исклучено", кога електричниот апарат
неочекувано ја запира работата, иако прекинувачот
за вклучување/исклучување е во позиција на
„Вклучено". Со тоа ќе спречите неконтролирано
рестартирање на уредот. Проверете го напојувањето
со енергија (види „Приклучок на напојувањето со
енергија", страна 352), пред повторно да го вклучите
електричниот апарат.
Bosch Power Tools
 Секогаш прво поврзете го електричниот апарат со
претворач на фреквенции, пред да го приклучите
претворачот на фреквенции на струјна мрежа.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Вклучување/исклучување на претворачот на
фреквенции
Најпрво мора да го активирате претворачот на
фреквенции, пред да можете да го вклучите електричниот
апарат.
За ова следете го упатството за работа на претворачот на
фреквенции.
Вклучување/исклучување на електричниот апарат
со сигурносен прекинувач на лизгање (види слика J1)
Важи за следните типови:
– 0 602 324 4..
– За Вклучување на електричниот апарат, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1 нанапред.
– За фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 1 притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1 нанапред
надолу додека не се вклопи.
– За Исклучување на електричниот апарат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1.
При фиксиран прекинувач за
вклучување/исклучување 1 кратко притиснете наназад
и надолу и потоа отпуштете го.
Вклучување/исклучување на електричниот апарат
со сигурносен прекинувач (види слика J2)
Важи за следните типови:
– 0 602 301 4..
– 0 602 329 5..
– 0 602 304 40.
– 0 602 331 5..
– 0 602 305 40.
– 0 602 332 5..
– 0 602 306 434
– 0 602 334 5..
– За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 1 и држете го притиснат.
– За зацврстување на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 1 турнете го прекинувачот за
исклучување/вклучување 1 понапред.
– За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1 одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1 и потоа
ослободете го.
Совети при работењето
 Прекинете го напојувањето со енергија, пред да
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не сте
го користеле електричниот апарат. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот апарат.
 Внимавајте на процепите во носечките ѕидови
„Напомени за статика".
1 609 92A 36G | (2.11.16)
Македонски | 353
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido