апаратот од струјата. Ова ќе спречи
струен удар.
• Корисниците со пејсмејкер мора да се
држат на растојание од минимум 30 cm
од индуктивните рингли кога апаратот
работи.
• Кога ставате храна во жешко масло,
може да прска.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од пожар и
изгореници
• При загревање, маснотиите и маслото
можат да испуштаат запаливи пареи.
Држете го огнот или загреаните
предмети подалеку од маснотиите и
маслата кога готвите со нив.
• Пареата што ја испушта маслото
коешто е многу жешко може да
предизвика спонтано запалување.
• Искористеното масло кое може да
содржи остатоци од храна, може да
предизвика пожар на пониска
температура од маслото што се
користи за прв пат.
• Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи
средства во, блиску до, или на
апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување на
апаратот.
• Не чувајте жешки садови за готвење на
контролната табла.
• Не го ставајте капакот на жешка тава
врз стаклената површина на плочата за
готвење.
• Не оставајте садовите за готвење да
вријат на суво.
• Внимавајте предметите или садовите
за готвење да не паднат на апаратот.
Може да се оштети површината.
• Не вклучувајте ги ринглите со празни
садови за готвење или без садови за
готвење.
• Не ставајте алуминиумска фолија на
апаратот.
• Садовите за готвење направени од
лиено железо, алуминиум или со
оштетено дно може да предизвика
гребнатини на стаклото / стакло-
керамиката. Овие предмети секогаш
кревајте ги кога треба да ги
преместувате на површината за
готвење.
• Овој апарат е наменет само за
готвење. Не смее да се користи за
други намени, на пример за загревање
на простории.
2.4 Нега и чистење
• Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на површинскиот
материјал.
• Исклучете го апаратот и оставете го да
се олади пред чистењето.
• Не користете воден спреј и пареа за
чистење на апаратот.
• Чистете го апаратот со мека, влажна
крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни
производи, абразивни сунгери за
чистење, растворувачи или метални
предмети.
2.5 Сервисирање
• За да го поправите апаратот,
контактирајте со Овластениот сервисен
центар. Користете само оригинални
резервни делови.
• Во однос на светилите во
внатрешноста на овој производ и
резервните светилки што се продаваат
посебно: Овие светилки се предвидени
да издржат екстремни физички услови
во апаратите за домаќинство, како што
се температура, вибрации, влажност
или се предвидени за давање сигнали
за работната состојба на апаратот. Тие
не се предвидени да се користат за
други намени и не се погодни за
осветлување простории во домот.
2.6 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
• Контактирајте со општинската власт за
да добиете информации за правилно
расходување на апаратот.
• Исклучете го апаратот од приклучокот
за струја.
• Извадете го електричниот кабел блиску
до апаратот и фрлете го.
МАКЕДОНСКИ
153