Dremel 7020 Traducción De Las Instrucciones Originales página 233

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 83
честопати предизвикуваат повратен удар и доведуваат до губење на
контролата.
d. Бургијата секогаш ставајте ја во материјалот во истиот правец како
остриот крај кој излегува од материјалот (кое е во истиот правец во кој
паѓаат отпадните иверки). Ако алатот врти во погрешен правец, тоа
ќе предизвика остриот крај од бургијата да излезе од работа и ќе го
повлече алатот во овој правец.
e. Кога користите ротациона пила, шајбни за сечење, високобрзински
секачи или секачи од волфрам и тврд метал, обработуваното парче
секогаш нека биде безбедно прицврстено. Овие шајбни ќе се заглават
ако се ставени лабаво во жлебот и може да има повратен удар. Ако
шајбната за сечење се заглави, самата шајбна обично ќе се скрши. Кога
ротациската турпија, високобрзинскиот секач или секачот од волфрам
или од тврд метал ќе се заглават, тие можат да испаднат од жлебот, а
Вие може да ја изгубите контролата над алатката.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ВРСКА СО БРУСЕЊЕТО И
АБРАЗИВНОТО СЕЧЕЊЕ
a. Користете само шајбни кои се препорачани за Вашиот електричен
алат и само за препорачани намени. На пример: немојте да брусите
со бочната страна од брусната плоча. Абразивните плочи за сечење
се предвидени за периферно брусење, а бочната примена на сила врз
брусната плоча може да предизвика тие да се се скршат.
b. За навојни абразивни конуси и приклучоци користете само неоштетени
шајбни со осовинки со необработени прирабници кои се со исправна
големина и должина. Исправните осовинки ќе ја намалат можноста за
кршење.
c. Избегнувајте да ја заглавувате плочата за сечење или да применувате
премногу голем притисок. Не обидувајте се да правите премногу
длабоко сечење. Преоптоварувањето на брусната плоча го зголемува
напрегањето и уште повеќе ја искривува или блокира плочата, како и
можноста за повратен удар или кршење на плочата.
d. Не доведувајте го Вашето тело во положба пред или зад ротирачката
шајбна плоча. Ако плочата на местото на работење се движи од
Вашето тело нанапред, во случај на повратен удар, електричниот алат
со ротирачката шајбна може да отскокне директно кон Вас.
e. Ако брусната плоча се заглави и иако од било која причина престанете
со работата, исклучете го алатот и држете го мирно сè додека брусната
плоча целосно не се смири. Никогаш не обидувајте се да ја извадите
плочата за сечење од работното парче додека брусната плоча сè
уште се врти, бидејќи во спротивно може да дојде до повратен удар.
Проверете и отстранете ја причината за заглавување или блокирање на
шајбната.
f.
Немојте повторно да го вклучувате алатот за сечење додека тој се
наоѓа во работното парче. Брусната плоча нека ја достигне својата
полна брзина и потоа внимателно продолжете со сечењето. Брусната
плоча може да се заглави, да отскокне или да предизвика повратен удар
доколку алатот повторно се вклучи додека е на работното парче.
g. Потпрете ги плочите или големите работни парчиња за да го намалите
ризикот од блокирање на брусната плоча и од повратен удар. Големите
работни парчиња можат да се свиткаат под својата сопствена тежина.
Мора да се стават потпирки под работното парче во близина на работ
на работното парче од двете страни на брусната плоча.
h. Бидете посебно претпазливи кога правите засечување во веќе
постоечките ѕидови или во некои други непрегледни подрачја.
Плочите за сечење можат да ги пресечат гасоводните или водоводните
цевки, електричните инсталации или некои други предмети и така да
предизвикаат повратен удар.
НЕМОЈТЕ ДА РАБОТИТЕ СО МАТЕРИЈАЛИ ШТО СОДРЖАТ АЗБЕСТ 2)
!
(азбестот се смета за канцероген)
ПРЕЗЕМЕТЕ ЗАШТИТНИ МЕРКИ АКО ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА СЕ
!
СОЗДАДЕ ПРАШИНА КОЈА Е ШТЕТНА ПО ЗДРАВЈЕТО, ЗАПАЛЛИВА
ИЛИ ЕКСПЛОЗИВНА (некои видови прашина се сметаат за канцерогени);
носете заштитна маска против прашина и користете правосмукалка/
смукалка за отпадоци, ако може да се приклучи
233
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido