VOX electronics ES-8102 ALB Manual De Usuario página 36

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 11
ЗАВРТКА ПРОТИВ ОТВОРАЊЕ
Овој уред е опремен со завртка против отворање за да се спречи отстранувањето на
долниот капак. За да ја намалите опасноста од пожар или струен удар не се обидувајте да
го тргнете долниот капак. Уредот не содржи делови кои можат да се заменат. Поправката
може да ја обават само овластени сервисери.
СОСТАВУВАЊЕ НА УРЕДОТ
Пред првата употреба: отпуштете ја спојницата за заклучување на капакот и внимателно
одделите. Измијте ги туркачот на храна, горниот капак, филтерот(ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
запците од филтерот се многу остри), разделувачот, собирачот на отпад и садот за сок во
сапуница. Измијте ги и исушете ги. Никогаш не ја потопувајте моторната единица во вода
туку пребришете ја со влажна крпа или сунѓер.
1. Поставете го разделувачот на моторната единица.
2. Поставете го филтерот на отворот од раздвојувачот. Исправно поставениот филтер би
требало да може слободно да се врти.
3. Поставете го горниот капак на раздвојувачот.
4. Кренете ја спојницата и ставете го јазичето на секое резе во отворот од секоја страна
на горниот капак. Притиснете го дното на секое резе за да го зацврстите. Уредот нема
да работи доколку 2 сигурносни резиња за заклучување не се прицврстат безбедно.
5. Поставете го садот за сок под инката од разделувачот со дршка која насочена подалеку
од соковникот.
УПОТРЕБА НА УРЕДОТ
1. Подгответе го овошјето и зеленчукот со миење, лупење, чистење од семки и сечење на
парчиња соодветни на отворот од соковникот.
2. Вклучете го кабелот за напојување во стандарден струен штекер со напон од 220-240V.
3. Проверете дали садот за сок е поставен во целост под инката за исцедениот сок да
тече директно од инката во садот. Спојницата на капакот мора да биде прицврстена, во
спротивно соковникот нема да работи.
4. Свртете го регулаторот за бризната на 1 или 2.
5. Внесете храна во отворот за вметнување и притиснете ја со туркачот на храна. Храната
никогаш не ја туркајте со прсти. Храната може без прекин да се вметнува во отворот
без да има потреба да се исклучува уредот.
6. Кога ќе завршите со цедењето на сокот или кога ќе се наполни раздвојувачот или садот
за сок, исклучете го уредот со притискање на копчето "off". Исклучете го уредот од
штекер.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
ЗАБЕЛЕШКА: за да го продолжите работниот век на уредот, после секоја употреба измијте
ги сите делови кои се предвидени за миење.
1. Пред чистење проверете дали уредот е изгаснет и исклучен од струја.
2. Отпуштете ја спојницата за заклучување на капакот и тргнете го капакот, туркачот на
храна, филтерот ( внимавајте на острите запци) и раздвојувачот. Отпадот од
раздвојувачот можете да го фрлите или да го компостирате.
3. Измијте го горниот капак, туркачот на храна, филтерот, раздвојувачот и собирачот на
отпад во топла сапунеста вода. Овие делови не се погодни за миење во машина за миење
садови. Запците на филтерот се многу остри- ракувајте со
него внимателно. Со четка отстранете ги малите остатоци. Измијте,исушете и повторно
составете го уредот.
3
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido