Bosch GOP 12V-28 Professional Manual Original página 210

Ocultar thumbs Ver también para GOP 12V-28 Professional:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 33
OBJ_BUCH-2853-001.book Page 210 Monday, January 16, 2017 1:56 PM
210 | Македонски
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
 При менувањето на алатот што се вметнува носете
заштитни ракавици. Алатот што се вметнува се
вжештува по долготрајна употреба.
 Не стругајте влажни материјали (на пр. тапети) и не
стругајте на влажна подлога. Навлегувањето на вода
во електричниот апарат го зголемува ризикот од
електричен удар.
 Површината што треба да ја обработите не ја
третирајте со течности што содржат раствор. При
стругањето доаѓа до затоплување на материјалите и
може да се создадат отровни пареи.
 Бидете особено внимателни при користењето на
сечилото. Алатот е многу остар, постои опасност од
повреда.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
1 609 92A 2LW | (16.1.17)
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење и разделување
на дрвени материјали, пластика, гипс, нежелезни метали и
елементи за зацврстување (на пр. некалени клинци, хефт
иглици). Исто така е погоден за обработка на меки ѕидни
плочки како и за суво брусење и стругање на мали
површини. Тој особено е погоден за работење близу
рабови и на рамни површини. Електричниот апарат треба
да се обработува исклучиво со Bosch-опрема.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Прекинувач за вклучување/исклучување
2 Копче за отклучување на батеријата
3 Батерија
4 Отвори за вентилација
5 Вртливо копче за претходно бирање на бројот на
осцилации
6 Приказ за наполнетоста на батеријата
7 Прифат на алатот
8 Затегнувачки лост на граничникот на длабочина
9 Граничник за длабочина
10 Лист за сечење со вдлабнување*
11 Шестаголен имбус шраф
12 клуч со внатрешна шестоаголна глава
13 Рачка (изолирана површина на дршката)
14 Вшмукувач за прав*
15 Основна брусна плоча*
16 Брусен лист*
17 Затегнувачки лост на вшмукувачот на прашината
18 Млазници за вшмукување*
19 Адаптер за вшмукување*
20 Црево за вшмукување*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Батериски Multi-Cutter
Број на дел/артикл
Номинален напон
Број на празни вртежи n
0
Агол на осцилација лево/десно
Тежина согласно
1)
EPTA-Procedure 01:2014
1) во зависност од употребената батерија
2) ограничена јачина при температури <0 °C
Техничките податоци се на испорачаната батерија.
GOP 12V-28
3 601 HB5 0..
V=
12
-1
min
5000–20000
°
1,4
кг
0,97–1,2
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido