Полнење На Батеријата (Види Слика A) - Bosch Uneo Maxx Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para Uneo Maxx:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 24
OBJ_BUCH-1190-006.book Page 144 Tuesday, September 13, 2016 3:44 PM
144 | Македонски
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, прекинувачот
за правец на вртење ставете го во средна позиција.
При невнимателно ракување со прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Полнење на батеријата (види слика A)
 Користете ги само полначите коишто се наведени во
Технички податоци. Само овие уреди за полнење се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со Електронска
заштита на ќелиите („Electronic Cell Protection [ECP]") од
длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата,
електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно
струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе.
 По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
За да ја извадите батеријата 10 притиснете на копчињата
за отворање 18 и извлечете ја батеријата наназад од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење потребен ви е SDS-Quick-алат за
вметнување.
За дупчење без удар на дрво, метал, керамика или
пластика може да користите соодветен SDS-Quick-алат за
вметнување или алат за вметнување со инбус клуч или
брзостезна глава со уреди за вметнување без SDS-Quick.
За одвртување користете само битови за одвртувач со
топчест затворач 14 (DIN 3126-E6.3). Другите битови за
одвртувачот 13 може да ги ставите со помош на
универзален држач за битови со топчест затворач 12.
Избор на соодветни алати за вметнување ќе најдете во
прегледот на опрема на крајот од ова упатство.
Менување на брзозатезната глава за дупчење
За да може да работите со алати без SDS-Quick (на пр.
Дупчалка со цилиндрично вратило), мора да ја вметнете
брзостезната глава 19.
Вметнете ја брзозатегачката глава за дупчење
(види слика B)
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
1 609 92A 353 | (13.9.16)
– Брзозатезната глава за дупчење 19 со вратилото за
прифат ставете ја со вртење во прифатот за алат,
додека самата не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на истата.
Вадење на брзозатезната глава за дупчење
– Турнете ја чаурата за заклучување 3 наназад и извадете
ја брзозатезната глава за дупчење 19.
Замена на алатот
Со SDS-Quick-прифатот за алат можете
едноставно и лесно без користење на
дополнителни алати да го замените алатот
што се вметнува.
Со SDS-Quick-алатот што се вметнува може слободно да се
маневрира, условено од системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Прифатот за алат SDS-Quick е наменет и за различни
типови за дупчење со шестоаголно вратило. Напомените
за оваа намена ќе ги најдете на страната за опрема на
крајот од ова упатство.
Капакот за заштита од прав 2 го спречува навлегувањето
на правта која се создава при дупчењето во прифатот на
алатот. Затоа при употребата на апаратот проверете дали
капакот за заштита од прав 2 е оштетен.
 Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Ставете го SDS-Quick алатот за вметнување
(види слика C)
Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Извадете го SDS-Quick алатот за вметнување
(види слика D)
Турнете ја чаурата за заклучување 3 наназад и извадете ја
запчестата глава за дупчење.
Ставање на алат за вметнување без SDS-Quick
(види слика E)
Напомена: Не користете алати без SDS-Quick за ударно
дупчење! Алатите без SDS-Quick и главата за дупчење што
ја користите ќе се оштетат при ударното дупчење.
– Поставете ја брзозатезната глава за дупчење 19.
– Држете ја цврсто задната чаура 21 на брзозатезната
глава за дупчење 19 и свртете ја предната чаура 20 во
правец спротивен на стрелките на часовникот, додека
не се вметне алатот. Вметнете го алатот.
– Држете ја цврсто задната чаура на брзозатезната глава
за дупчење 19, а предната чаура свртете ја цврсто со
рака во правец на стрелките на часовникот додека
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido