Bosch GIM 60 L Professional Manual Original página 164

Ocultar thumbs Ver también para GIM 60 L Professional:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 30
OBJ_BUCH-1628-003.book Page 164 Wednesday, March 19, 2014 9:40 AM
164 | Македонски
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или животни и не
погледнувајте директно во него, дури ни од голема
оддалеченост.
 За обележување, секогаш користете ја само средината на
ласерската точка. Големината на ласерската точка се менува во
зависност од растојанието.
За мерење на косини, израмнете го мерниот уред така што ласерскиот
зрак ќе поминува по должината на површината којашто треба да се
измери. За пренесување на косини израмнете го мерниот уред така
што саканата косина ќе се прикаже како измерена вредност b, а
косината нанесете ја на целната површина со помош на ласерската
точка.
Напомена: При пренос на косините со помош на ласерот, имајте во
предвид дека тој излегува 24 мм над долниот раб на мерниот уред.
Имајте во предвид дека ласерската точка може да отстапува
хоризонтално.
Проверка на точноста и калибрација на мерниот уред
Проверка на точноста на мерењето
Проверете ја точноста на мерниот уред пред критични мерења, по
големи температурни промени како и по јаки удари.
Пред мерење на агли <45° проверката треба да се изврши на рамна,
хоризонтална површина, а пред мерење на агли >45° на рамна,
вертикална површина.
Вклучете го мерниот уред и поставете го на хоризонтална одн.
вертикална површина.
Изберете мерна единица „°" (види „Менување на мерната единица
(види слика A)", страна 162).
Почекајте 10 с и потоа забележете ја измерената вредност.
Свртете го мерниот уред за 180° околу вертикалната оска. Одново
почекајте 10 секунди и забележете ја втората измерена вредност.
 Калибрирајте го мерниот уред, само доколку разликата меѓу
двете измерени вредности е поголема од 0,1°.
Калибрирајте го мерниот уред во положба (вертикална од.
хоризонтална), во којашто ќе биде утврдена разликата меѓу
измерените вредности.
Калибрација на хоризонтални површини за налегнување
(види слика E)
Површината на којашто ќе го налегнете мерниот уред, не смее да
отстапува повеќе од 5° од хоризонталата. Доколку отстапувањето е
поголемо, калибрацијата ќе се прекине со приказот „---" .
 Вклучете го мерниот уред и поставете го на хоризонтална
површина, така што либелата 12 ќе покажува нагоре и екранот 11
ќе биде насочен кон Вас. Почекајте 10 с.
 Потоа притискајте го копчето за калибрација 2 с „CAL" 4, додека не
се појави „CAL1" кратко на екранот. Потоа измерената вредност
трепка на екранот.
Свртете го мерниот уред за 180° околу вертикалната оска, така
што либелата и понатаму ќе покажува нагоре, екранот 11 се наоѓа
на страната свртена од Вас. Почекајте 10 с.
 Потоа одново притиснете го копчето за калибрација „CAL" 4. На
екранот кратко ќе се појави „CAL2". Потоа се појавува измерената
вредност (не трепка повеќе) на екранот. Мерниот уред сега е
одново калибриран за оваа површина на налегнување.
 Потоа мора да го калибрирате мерниот уред за спротивната
површина на налегнување. За тоа, свртете го мерниот уред околу
хоризонталната оска, така што либелата 12 ќе покажува надолу и
екранот 11 кон Вас. Поставете го мерниот уред на хоризонтална
површина. Почекајте 10 с.
 Потоа притискајте го копчето за калибрација 2 с „CAL" 4, додека не
се појави „CAL1" кратко на екранот. Потоа измерената вредност
трепка на екранот.
 Свртете го мерниот уред за 180° околу вертикалната оска, така
што либелата и понатаму ќе покажува надолу, а екранот 11 се
наоѓа на страната свртена од Вас. Почекајте 10 с.
 Потоа одново притиснете го копчето за калибрација „CAL" 4. На
екранот кратко ќе се прикаже „CAL2". Потоа се појавува
измерената вредност (не трепка повеќе) на екранот. Мерниот уред
сега е одново калибриран за двете површини на налегнување.
Напомена: Доколку мерниот уред, не се врти околу оската којашто е
прикажана на сликите при чекорите  и , калибрацијата не може да
се заврши („CAL2" не се појавува на екранот).
Калибрација на вертикални површини за налегнување (види слика F)
Површината на којашто го налегнувате мерниот уред, не смее да
отстапува повеќе од 5° од вертикалата. Доколку отстапувањето е
поголемо, калибрацијата ќе се прекине со приказот „---" .
 Вклучете го мерниот уред и поставете го на вертикална површина,
така што либелата 13 ќе покажува нагоре и екранот 11 ќе биде
насочен кон Вас. Почекајте 10 с.
1 609 92A 0KV | (19.3.14)
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido