OBJ_BUCH-1628-003.book Page 161 Wednesday, March 19, 2014 9:40 AM
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе време,
извадете ги батериите. Доколку се подолго време складирани,
батериите може да кородираат и да се испразнат.
Ставање/менување на батерија за мерење на косини
Внимателно извадете го поклопецот од преградата за батерии 7 со
држачот за батерии од мерниот уред. Притоа внимавајте да не се
оштетат приклучниот кабел на батеријата и поклопецот за преградата за
батерии. Големите оштетувања на површините на налегнување на
поклопецот за преградата за батерии 7 може да доведе до погрешни
мерења.
Приклучете ја батеријата со правилен пол на држачот за батерија.
Ставете го поклопецот на преградата за батерии со држачот за батерии
во мерниот уред и притоа внимавајте да не го заглавите приклучниот
кабел.
При првото вклучување на мерењето на косини по промена на
батериите, светнуваат сите елементи на екранот 1 с и се слуша
сигнален тон. Сите зачувани поставки (мерна функција, поставена
мерна единица) ќе се избришат при промена на батеријата.
Доколку светне предупредувањето за батеријата d, мора да ја замените
истата.
Ставање/менување на батерии за ласерот
Отворете го поклопецот на преградата за батерии 20 и ставете ги
батериите. Притоа внимавајте на половите во согласност со приказот
на внатрешната страна на поклопецот од преградата за батерии.
Доколку ласерот не свети повеќе, мора да се заменат батериите.
Напомена: Предупредувањето за батериите d на екранот не се
однесува на батериите за ласерот.
Неопходно е да го исклучите ласерот пред да ги смените
батериите. Невнимателно вклучениот ласер може да ги заслепи
лицата околу Вас.
Секогаш заменувајте ги сите батерии наменети за работа на ласерот
одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист
капацитет.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на
сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
осцилации во температурата. Напр. не го оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба.
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот уред. По
силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите
за работа, секогаш извршете контрола на точноста (види „Проверка
на точноста и калибрација на мерниот уред", страна 165).
Површината за налегнување на мерниот уред одржувајте ја
чиста и заштитете ја од удари и падови. Честичките нечистотија
или деформациите може да доведат до погрешно мерење.
Поставување/прицврстување на мерниот уред
За да мерите и пренесувате косини, мерниот уред може да го
поставувате и легнувате не само на површини, туку имате и други
можности за негово поставување одн.прицврстување.
Поставување со автоматика за нивелирање (напр. при нерамни
подови) (види слика B):
– Притиснете кратко на ногарката за стоење 16, за да ја извлечете на
надвор. Притиснете го копчето 8, за да ја извлечете ногарката за
нивелирање 17. Подесете ја ногарката за нивелирање со вртење на
шрафот за подесување 9 во висина, така што ласерскиот зрак ќе
поминува по должина на површината којашто треба да се измери
одн. косината да ја прикаже како измерена вредност b.
Bosch Power Tools
Македонски | 161
1 609 92A 0KV | (19.3.14)