OBJ_BUCH-446-006.book Page 124 Monday, July 11, 2016 4:10 PM
124 | Македонски
Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали
шрафовите за прицврстување 12 добро се налегнати.
Свртете ја главата на секачот 10 со рака и проверете дали
секачот на рендето струже на некое место.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Редовно чистете го исфрлувачот на струготини 3. За
чистење на затнатиот исфрлувач на струготини користете
соодветен алат напр. дрвено парче, компресиран воздух
итн.
Не ја фаќајте исфрлената струготина со раце. Може
да се повредите од ротирачките делови.
Заради обезбедување на оптимално вшмукување
постојано користете надворешен уред за вшмукување или
вреќичка за прав/струготини.
Надворешно вшмукување (види слика C)
На исфрлувачот за струготини од двете страни може да се
приклучи црево за вшмукување (Ø 35 мм) 15 (опрема).
Цревото за вшмукување 15 поврзете го со вшмукувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните
видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од
ова упатство.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Сопствено вшмукување (види слика C)
Кај поситните работи може да приклучите вреќичка за
прав/струготини (опрема) 16. Цврсто вметнете ги
држачите на вреќичката за прав во исфрлувачот на
струготини 3. Испразнете ја вреќичката за прав/
струготини 16 навреме, за собирањето на прав да биде
оптимално.
1 609 92A 2NJ | (11.7.16)
Избор на правецот на исфрлање на струготините
Со лостот за селекција 6 исфрлувачот на струготини 3
може да се подеси на десно или лево. Притиснете го
лостот за селекција 6 додека не се вклопи во крајна
позиција. Избраниот правец ќе се прикаже со ознака со
стрелка на лостот за селекција 6.
Употреба
Видови употреба
Подесување на длабочината на стругање
Со вртливото копче 2 може да се подеси длабочината на
стругање бесстепено од 0–2,6 мм со помош на скала за
длабочина на струготината 1 (поделба на скалата =
0,1 мм).
Држач на рендето при паузирање (види слика G)
Држачот на рендето при паузирање 25 овозможува
запирање на електричниот алат веднаш по работниот
процес без опасност од оштетување на делот што се
обработува или секачот на рендето. За време на
работниот процес, држачот на рендето при паузирање 25
се подига нагоре и задниот дел на подлогата на рендето се
отпушта 7.
Напомена: Држачот на рендето при паузирање 25 не
смее да се демонтира.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
За ставање во употреба на електричниот апарат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување 4 и притиснете
го на крај прекинувачот за вклучување/исклучување 5 и
држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 5.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Процес на рендање (види слика G)
Поставете ја саканата длабочина на стругање и поставете
го електричниот апарат со предниот дел на подлогата од
рендето 7 на делот што се обработува.
Bosch Power Tools