Внатрешноста на фрижидерот треба да биде редовно чистена за да се спречи формирање
на непријатни мириси.
Ве молиме исклучете го фрижидерот од струја при неговото чистење или одржување, а
исто така извадете ги сите пијалоци и храна од неговата внатрешност.
Користете мека крпа или сунѓер за бришење и чистење на внатрешноста на фрижидерот,
со две лажици сода за готвење и топла вода. Потоа исплакнете со вода и исушете со крпа.
По чистењето, отворете ја вратата и дозволете и на внатрешноста на фрижидерот
природно да се исуши, пред повторно вклучување во струен извор.
За површини кои се тешки за чистење во внатрешноста на фрижидерот (како тесни
простори, агли и слично), се препорачува редовно чистење со мека четка или слично и
избегнување на непотребна употреба на помошни алатки, за да се обезбеди дека нема да
има собирање на контаминенти и други бактерии.
Не користете сапун, детергент, прашак и слично за чистење на фрижидерот, бидејќи тие
можат да предизвикаат формирање на мириси или контаминирање на храна.
Исчистете ги рамките за шишиња, полиците и фиоките со мека крпа навлажнета во
сапунеста вода или растворен детергент. Исушете со сува крпа или природно.
Избришете ја надворешната површина на фрижидерот со мека крпа навлажнета во
сапунеста вода, детергент или слично. Потоа избришете за да ја исушите.
Не користете тврди четки, чист метал, жичени четки, абразиви (како паста за заби),
органски растворувачи (како алкохол, ацетон, масло од банана), зовриена вода, киселина и
слично, бидејќи така може да дојде до оштетување на површината на фрижидерот.
Зовриената вода или алкалите може да доведат до деформирање или оштетување на
пластичните делови на фрижидерот.
Не го плакнете фрижидерот директно со вода или други течности при неговото чистење за
да избегнете кратки електрични споеви и оштетување на електричната изолација.
Ве молиме, исклучете го фрижидерот од струја пред неговото одржување или чистење.
3.2. Одмрзнување
Фрижидерот треба да биде мануелно одмрзнат.
По употреба на фрижидерот на подолго време, ќе се формира мраз на внатрешноста на
фрижидерот. Доколку слојот на мраз е предебел, ќе дојде до намалување на ефектот на
ладење на фрижидерот и зголемување на потрошувачката на енергија. Затоа, кога слојот
на мраз ќе дојде до 5 милиметри, истиот треба да биде отстранет, следејќи ја следната
метода :
1. Исклучете го струјното напојување.
2. Извадете ја храната од фрижидерот, и поставете ја на место на кое нема брзо да се
стопи.